ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Доколку има нови рестриктивни мерки ќе има дополнителна поддршка за најпогодените дејности

March 18, 2021 12:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, вели министерот за економија Крешник Бектеши, најавувајќи дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот туризам.

-Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош, рече министерот Бектеши во интервјуто за Економски магазин на Алсат телевизија.

Министерот во интервјуто, како што информираат од Министерствтото за економија, потенцира дека во интерес на граѓаните и стопанството е што побрзо во Собранието да се донесат Законите кои произлегуваат од Петтиот сет мерки кои што подолго време се блокирани од опозицијата.

-Би било добро да не се блокираат законите кои се во интерес на граѓаните, на вработените во приватниот сектор, но истовремено и на компаниите ако се земе предвид дека и минатата година ние ја завршивме со економски пад од 4,5 отсто, што беше речиси идентично со проекциите на Владата, а сите податоци и за месец јануари и за месец февруари покажуваат дека се зголемени и приходите и во рамките на буџетот, но и економската активност е врз основа на предвидувањата. Јас би сакал да направам уште еднаш повик, токму заедно да ги усвоиме законите кои се во интерес на граѓаните, повика Бектеши.

Министерот потенцираше дека усвоените мерки се таргетирани и во консултација со сите комори и синдикати како приоритетна поддршка за време на овој период.

Во врска со барањето на угостителите за давање дозвола да се отворат рестораните за свадби со посебни протоколи, министерот уште еднаш потенцираше дека во овој период е најважно здравјето на граѓаните и дека Владата постапува по препраките на Комисијата за заразни болести.

-Минатата година речиси сите ресторани кои организираат свадби беа директно поддржни од Министерството за економија со посебни грантови со тоа што се едни од секторите кои со одлука на Владата и по предлог на Комисијата беа сосема затворени. Јас би сакал да ги повикам и истовремено да ги замолам за трпение, имајќи предвид дека приоритет над приоритетите за сите граѓани, за Владата, но истовремено и за економските субјекти и за соппствениците и менаџерите на свадбите, сигурно е здравјето на граѓаните. Не би било добро чувството да се прошират кластери во рамките на организирање разни забави во моментот во кој зборуваме, истакна Бектеши во интервјуто.

Според него, и покрај кризата предизвикана од пандемијата, податоците покажуваат стабилизација на економијата. Буџетот е ликвиден, растат буџетските приходи, расте трговската размена, а очекувањата се дека ќе продолжи овој тренд и во текот на целата година.

извор: МИА

Next Post

Сослушани двајца сведоци од одбраната за ,,Организатори на 27 април”

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk