ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одлуката за одржување на пописот е политичка, а не на Комисијата за заразни болести, власта тврди дека ќе биде безбеден по здравјето

March 18, 2021 08:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука, а не на Комисијата за заштита од заразни болести, вели првиот човек на ова советодавно тело на Министерството за здравство, Жарко Караџовски. Од владејачката СДСМ велат пописот ќе биде безбеден по здравјето на сите и дека по 20 години неопходно е спроведување на таква статистичка операција. Дел од политичките партии и неколку здруженија пак најавија бојкот на пописот, а како една од причините ја посочуваат влошената епидемиолошка состојба.

Комисијата за заразни болести, како што рече вчера Караџовски, направила предлог протокол и тој е доставен до Министерство за здравство и до Државниот завод за статистика.
– Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме, понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или ќе нема попис, на кој начин ќе се спроведува, а ние дадовме повеќе опции за спроведување на пописот, истакна Караџовски.
Во однос на епидемиолошката состојба, тој посочи дека се манифестира со зголем број на заразени, но дека сè уште може да се менаџира.
– Во самиот дом кај семејството што се попишува, дали се работи за стан, куќа, индивидуално, и дали може да се спроведува попис со одредени епидемиолошки параметри коишто се однесуваат на превенција, тоа значи задолжително носење на заштитна маска за попишувачот и лицата кои ќе бидат попишани, дистанцата која треба да се одржува, користење на заштитна маска, користење на дизенфекциски средства, дистанца од повеќе метри, вклучително и дистанца која што треба да се спроведува и во надворешни услови, појасни Караџовски.
Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов вчера изјави дека пописот како статистичка операција ќе биде безбеден.
-Овде државата гарантира дека попишувачите максимално ќе ги почитуваат јасно утврдените здравствени протоколи, се со цел за да го заштитат здравјето свое но секако и на граѓаните. Фактот дека 20 години немаме спроведено попис како статистичка операција секако не упатува на тоа дека навистина таквата операција е неопходна и е во интерес и на граѓаните и на државата, вели Костадинов.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пак, попис во април ќе значи 2400 мртви поради корона.

Повикувајќи се на кажувања на СЗО, Николоски вчера во Дневникот на телевизија Сител рече дека едно лице кога ќе заболи додека открие дека е болно заболува најмалку 9 лица.

-Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49 500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат, кажа Николоски.

Од 1 март започна процесот на попишување на дипломатите и нивните семејства, како и процесот на самопопишување на граѓаните кои се дел од дијаспората, односно што се наоѓаат надвор од земјата, а кои ќе бидат попишани како нерезидентно население на државата. Овој процес ќе трае до 21 април. Од 1 до 15 март се попишуваа уште пет други категории лица, а тоа се лицата што се наоѓаат во служба на Армијата на РСМ, во државата или во странство, лицата што се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и лицата бездомници.

Пописот на резидентното население на Република Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, со употреба на пренослив компјутер, на посебна апликација, при што задолжително ќе се применуваат технички и организациски мерки согласно прописите од областа на заштита на личните податоци./ МИА/.

Next Post

Онлајн тркалезна маса по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk