Денеска се регистрирани 1.216 нови случаи на Ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.
Османи уверен дека низ рационален дијалог несогласувањата со Софија ќе бидат надминати. Уверување дека Северна Македонија заслужува почеток на преговори со Европската инија, како и поддршка за што е можно поскоро финализирање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција без натамошни одложувала изразила денеска шпанската министерка за надворешни работи, Европска Унија и за соработка Аранча Гонзалес Лаја на средбата во Мадрид со шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Амбасадорите на земјите членки од ЕУ со поддршка за имплементација на владиниот План за борба против корупцијата. Го зајакнавме и контролниот механизам, односно инспекциските служби. Во време на глобална пандемија, со законски измени ги зголемивме надлежностите на сите инспекциски служби, посочи вицепремиерот Николовски. На состанокот од страна на ЗПВ Николовски беа детално образложени сите 18 мерки содржани во оперативниот План за борба против корупцијата.
Бојан Јовановски му нудел на Камчев државни субвенции за изградба на старски домови Обвинетиот Бојан Јовановски, на Јордан Камчев, му нудил да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенци од државата.
Успешно реализиран попис на припадниците на Армијата на Криволак. Причина за денеска организираното попишување во Пепелиште е неможноста на припадниците на Армијата да бидат во своите домови за време на извршување на пописот, имајќи предвид дека основниот курс за подофицери трае до 26 април.
Симовски за МИА: Бројот на самопопишаните не е мал, максималното почитување на мерките во Протоколот обезбедуваат заштита. Потенцира дека засега се раководат според постоечкиот оперативен план и дека доколку се донесе одлука за одложување поради ковид пандемијата ќе ги почитуваат сите одлуки, кои, како што вели, не се на Државниот завод за статистка.
До 600 евра хонорар за теренските попишувачи, рокот за пријавување е уште три дена. Според информации од терен, до сега има пријавено околу 4.500 попишувачи, кои од следниот понеделник ќе започнат со тестирањето и обуката, а повиците за пријавување на попишувачите се отворени до сабота, па се очекува овие три дена да се пријават кандидати кои ќе го дополнат бројот со неопходни попишувачи.
Поранешниот член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Србов повика на кампања за масовно попишување. Во наредните денови остануваат само две опции: 1. Да се направи сѐ за пописот да биде одложен за идната година 2. Да се започне кампања за масовно попишување.“, објави Србов на Фејсбук.
Фатмир Лимани – внук на Али Ахмети, ќе биде независен кандидат за градоначалник на Кичево, го критикуваше актуелниот од ДУИ. Тој смета дека локалните власти во Кичево се виновни за очајната ситуацијата во која се наоѓа градот и дека нивните неуспеси влијаеле младите од Кичево да ги напуштат градот и државата.
Битиќи: Креираме политики кои ќе овозможат предвидливо бизнис опкружување и привлекување на капитално интензивни инвестиции кои ќе се се дел од домашниот и глобалниот вредносен ланец. Тука би ги истакнал Фондот за поддршка на извозни компании, бескаматните кредити од Развојна банка, но и Законот за државна гаранција за кредитирање, кој ќе донесе дополнителна ликвидност за компаниите, а државата ќе гарантира за влогот. Преку отворен пристап и дискусија со сите релентни чинители сторивме се во рамките на можностите да ги ублажиме последиците и успеавме во тоа“, нагласи Битиќи во изјава за медиумите.
Царовска: Повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование.„Комисијата констатираше дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, штo е спротивно на законот за учебници за основно и средно образование.“, вели Царовска.