Поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Србов, преку објава на Фејсбук, повика на кампања за масовно попишува доколку не се одложи пописот.
„На неколку денови пред почетокот на пописот, доколку истиот се одржи во предвидениот рок, стравувам дека одиме кон најлошото можно сценарио што и претходно го имам и кажано и напишано. Еден дел од Македонците ќе бојкотира, друг дел ќе се попише и ќе добиеме неверојатно погрешни бројки кои ќе бидат земени за валидни.
Во наредните денови остануваат само две опции: 1. Да се направи сѐ за пописот да биде одложен за идната година 2. Да се започне кампања за масовно попишување.“, објави Србов.