ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Пристапувањето на Северна Македонија е лакмусов тест за кредибилитетот на ЕУ

March 20, 2021 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија стана лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија, и затоа преговорите за нејзино пристапување во Унијата не смеат и понатаму да се одложуваат, истакнува министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив, кое го пренесува МИА.

– Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион, нагласува Османи.

Напредокот на Северна Македонија во прифаќањето на различностите, помирувањето и односите со соседните земји, според него, треба да се гледа како репер за регионот и да биде награден.

Поради тоа, вели Османи, многу е важно ЕУ да најде начин да ги започне пристапните преговори без понатамошно одложување.

ЕФЕ и Еурактив потсетуваат дека пред само една година, на самитот во март 2020 година, шефовите на држави и влади на ЕУ го одобрија отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Но, процесот беше запрен во случајот на Северна Македонија со ветото на Бугарија, која бара нејзиниот сосед да признае дека двете земји имаат заедничка историја и јазик. Владата на Софија смета дека луѓето во Северна Македонија се Бугари кои зборуваат на дијалект на бугарски јазик, на кои комунистичкиот режим на Југославија им дал нов идентитет и јазик „македонски“.

Министерот Османи, сепак, е уверен дека по парламентарните избори во Бугарија во април ќе се отвори патот за порационален пристап што ќе овозможи решавање на билатералните разлики.

Според Османи, сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, го поддржуваат текстот предложен од Европската комисија за рамката за преговори со која формално ќе се воспостави пристапниот дијалог.

– Важно е текстот на преоговарачката рамка да биде усвоен што е можно побрзо, и се надеваме дека тоа ќе се случи на Европскиот совет закажан за јуни, вели Османи, кој во четвртокот во Мадрид се сретна со шпанската министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја.

На средбата Гонзалес Лаја го уверила дека Шпанија ќе ја поддржува и помага Северна Македонија во процесот на преговори за прием во ЕУ.

Османи во интевјуто посочува и дека состанокот со неговата шпанска колешка коиницидирал со првата годишнина од ратификувањето на протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Шпанија, што и овозможи на земјата да се приклучи на Алијансата.

Оценува и дека политичките односи со Шпанија се одлични, но има голем потенцијал и за економска соработка, бидејќи билатералната трговска размена сега е едвај 170 милиони евра годишно.

– Потребен ни е посистематски пристап меѓу нашите институции за поврзување на компаниите и споделување информации, вели Османи за договорот постигнат со Гонзалес Лаја за изготвување план за поголемо присуство на шпанските компании во Северна Македонија.

Како потенцијални сектори за инвестирање на шпанските компании во земјава ги посочува енергетиката, третманот на отпадните води, соработката во одбраната и туризмот.

Next Post

Штипски кризен штаб: Состојбата со ковид-19 е под контрола, забрана за традиционалното одбележување и искачувње на тврдината „Исар“ по повод денот на пролетта

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk