Избегната трагедија во Карпош – Полицијата и пожарникарите спречија обид за самоубиство. Пријава за интервенција стигнала на телефонскиот број 193 десетина минути по 12 часот, по што пожарникарите излегле на терен и поставиле душек за спасување во случај ако девојката скокне да падне на него.
Филипче: Обезбедуваме болнички кревети и кадар, граѓаните да ги почитуваат мерките. Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници – порачува министерот.
Речиси 69.000 членови на СДСМ утре ќе избираат претседател на првите директни внатрепартиски избори. Од СДСМ наведуваат дека се преземени сите неопходни мерки за уредување на гласачките места во согласност со препораките за здравствена заштита од Ковид-19 и дека целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Борисов ја повика Русија „да престане да шпионира во Бугарија“. Премиерот на Бугарија им честиташе на Јавното обвинителство и на службите за сработеното и изрази изненаденост од големиот „молк“ на другите институции во Бугарија, имајќи предвид дека претседателот Румен Радев сè уште не го коментирал случајот со откриената руска шпионска група во Бугарија.