Многу дискутабилно е барањето на СЕММ и ЗНМ за сатиричните содржини. Тие бараат „најмалку!“да се пријави дека се работи за сатирична содржина на почетокот на содржината.
Сатирата е специфичен израз, особено ако се работи за сатиричен текст. Ако нè натерате да пишуваме на самиот почеток дека се работи за таков текст, тогаш целата поента и драж на сатиричната содржината се губи.
Она што го правам јас, е на крајот од текстот со болдирани букви се нагласува дека се работи за сатирична содржина и мислам дека тоа е сосема доволно за читателот да биде правилно информиран.
Внимателно со регулирањето на сатирата.
ЕДИТ: Не е ли сатира што ЗНМ го есапи порталот на Геро за професионален?