ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: За време на пандемијата, неопходна почеста контрола на гликемијата, порачува Лекарската комора, вакцините се пакуваат, вклучувајќи ја и Северна Македонија, вели Тавила…

March 21, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тавила: Вакцините се пакуваат и се подготвуваат за повеќе земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе дојдат многу скоро. Доцнењето на испораката на вакцините се должи на глобален недостиг во производството на вакцини, но и во нивната дистрибуција, но ова е случај со голем број земји низ светот кои се дел од КОВАКС, вели претставничката на СЗО во земјава Џихан Тавила.

Власта уверува дека пари за февруарската плата ќе има навреме, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе гласаат за законите за петиот пакет мерки.

Први директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ. Близу 69.000 членови на СДСМ денеска ќе избираат претседател на партијата на први директни, внатрепартиски избори. Единствен кандидат претседател е актулениот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев. За неговата кандидатура треба да се изјаснат сите активно регистрирани членови на СДСМ.

Николовски гласаше на првите внатрепартиски избори за избор на претседател – СДСМ е предводник на промените. Николовски нагласи дека СДСМ е предводник на промените„Денешните избори се врв на демократијата во една политичка партија. СДСМ се менува, СДСМ расте, СДСМ победува!“ потенцираше Николовски.

Утре завршува полициски час, надлежните не ја исклучуваат можноста за нови рестриктивни мерки. Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, рече вчера Филипче по посетата на Општата болница во Кочани.

Лекарска комора: Ковид – 19 сериозна закана за дијабетичарите, неопходна почеста контрола на гликемијата. Голема национална студија во Кина покажала дека морталитетот на пациенти со дијабетес бил 10 проценти, додека кај пациенти без дијабетес 2.5 проценти. Кинескиот центар за контрола и превенција на болести изјави дека пациентите без коморбидитети имаат стапка на морталитет 0.9%, додека кај пациентите со дијабетес стапката на морталитет е 7.3%“, објасни проф. д-р  Миленковиќ.

Виртуелното насилство има сериозни реални последици врз жртвите, 90 отсто од нив се жени, вели белгиската пратеничка Лејла Агиќ. Taa е една од најмладите пратенички во регионалниот бриселски парламент. Родена во Белгија од босански родители бегалци од војната, Агиќ денес ја води една од најтешките политички битки: признавање и казнување на сајбер насилството, на кое и таа самата е редовно изложена.

Косово и Албанија се едно и така ќе биде до крај, а Вучиќ нека објавува мапи, вели албанскиот премиер Еди Рама. Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави фотографија на која мапата на Косово е покриена со српско знаме, а напиша и коментар дека Косово е „српски крст“.
Германско МНР: Турција испрати погрешен сигнал до Европа со повлекувањето од Истанбулската конвенција. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да се повлече од меѓународниот договор за заштита на жените, и покрај повиците на активистите кои сметаат дека документот е клучен инструмент во борбата против растечкото семејно насилство.
И. Т. З. 
Next Post

(ВИДЕО) Ивановска: При крај сме со предметот „Леонардо“ против Драги Рашковски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk