Филипче: Од утре продолжува полицискиот час од 22 до 05 часот. Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, кажа Филипче.
Заев: Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи и објави фотографии од гласањето.
И Руската амбасада потврди: Лажна вест е дека „српски посредник“ учествувал во набавка на вакцини Спутник В…Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Северна Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за РСМ: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори“, велат од руската амбасада.
Припадноста против правноста и моралноста…. Апелот на медицинскиот персонал во Систина е знак дека критериумот на припадноста почнува да доминира до степен со кој се заканува да ги елиминира критериумите на правноста и моралноста. Тоа не значи дека во рамките на парцијалната припадност немаат моралност или, дури, правност, имаат или можат да имаат, но тоа не се универзалните категории на модерната цивилизација, туку аспекти на внатрешните кодекси какви што постојат во племињата, сектите, редовите, мафиите…пишува Бранко Тричковски.
Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица. Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, посочи Ангеловски, на бензинска пумпа на магистралниот пат Росоман – Прилеп е лишен од слобода и Н. А. (41) од село Зајас, Кичево, кај кого е пронајден и пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола.