ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Сатирична, измислена изјава на Мерко стана вистинска вест

March 21, 2021 12:38
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко во изминатата година потрошил 27.500 евра за репрезентации, односно за услуги во угостителски објекти“. Покрај оваа информација, која се прошири низ медиумите и социјалните мрежи, се појави и сатирична, измислена изјава на градоначалникот којашто дел од медиумите ја сфатија сериозно и ја пренесоа како вистинска, анализира Вистиномер.мк.

Порталот „Кооперација“ од веста за трошењето на Мерко, направиле сатирична објава во која додале негова измислена изјава.

„Јадев, често и на сила, само и само да ги помогнам струшките угостители.“ – се правда струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека граѓаните на Струга се жртви на неговото расипништво и луксуз и одговори дека ако некој е жртва, тоа е тој, затоа што неговата посветеност и желба да помогне му донела висок холестерол, шеќер, запушени крвни садови и покачен притисок, но и покрај тоа спремен и понатаму да се жртвува за доброто на стружани.

Овој портал го објавил овој текст во категоријата „Сатира“ и тоа го пишува веднаш над насловот на текстот.

Но, очигледно дел од медиумите, не забележале дека објавата е сатирична и ја пренесоа како вистинска изјава на Мерко во комбинација со првичната вест за сумата на потрошени пари, со што тоа направија забуна во медиумскиот простор.

Изјавата е објавена без да се нагласи дека е сатира односно дека е измислена, а потоа и споделена на социјалната мрежа Фејсбук каде што има голем број на споделувања и коментари, најголем дел од нив негативни и навредувачки.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, тврди дека тој потрошил 27.000 евра од буџетските пари, за да ги помогне угостителите во време на пандемија, се вели во постот

Вистината е дека Мерко нема изјавено такво нешто. Всушност, градоначалникот на Струга сè уште нема дадено никаков коментар на оваа тема.

Но, неколку медиуми, без притоа да направат дупли проверки, ја објавија оваа изјава како вистинита и потоа таа масовно се споделуваше и на социјалните мрежи. Дел од медиумите информираат дека е сатира дури на крајот на текстот, но во насловот тоа не е потенцирано. Па така, и овие медиуми, кога ја пласираат веста на Фејсбук, таа личи на вистинска и точна и доколку некој ја види без да ја прочита целата докрај, нема да сфати веста е сатирична. А на социјалните мрежи најчесто се читаат само наслови на текстови, така што јавноста намерно или ненамерно  е изманипулирана.

Извор: Вистиномер.мк

Next Post

За Вучиќ Косово е крст, за Рама Албанија и Косово се е едно

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде го загубивме чувството за срам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk