ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе поскапат сувомесните производи ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо

March 22, 2021 11:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Месната индустрија најавува драстични поскапувања ако Владата за максимум еден месец не ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети.

Отпуштања засега нема, велат преработувачите и додаваат дека ако се исполни нивното барање за враќање на моментно преполовените количини за увоз, сите вработени ќе бидат задржани.

-Месната индустрија не бара субвенции од државата, туку изедначување на условите за стопанисување, со оглед дека оваа суровина целосно ја увезуваме од ЕУ каде нема царина. На тој начин, домашната месна индустрија ќе може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на производство, нема да има отпуштање на вработените и не би биле на товар на државата, истакна претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанаскта комора на Северна Македонија, Гоце Трајчев.

Во случај на неприфакање на брањето, Групацијата покрај поскапувањата и затворањето на капацитетите, најавува дека ќе бара вклучување во идните социјални пакет-мерки на Владата.

Групацијата минатата недела до Министерството за економија поднесе барање за враќање, односно за ослободување на скратените количини од последната мерка на Владата за укинивање на царинските давачки на замрзнато свинско месо за преработка. Целта на барањето е да се вратат редовните количини кои во регуларни услови на стопанисување и беа одобрувани во изминатите три години, а во октомври 2020 година беа преполовени на 3.200 тони, иако беше измината скоро една година од појавата на пандемијата.

-Апелите за стимулирање на домашната потрошувачка преку пакет-мерките донесени од страна на Владата делумно ја одржаа потрочувачката, но се далеку од доволни за да може месната индустрија во земјата да продолжи да опстојујва. Досега домашните производители на месни преработки не бараа никакви субвенции, ниту има користено некој од пакет-мерките, а помагаа за решавање на проблемите на домашните фармери – производители на свинско месо преку откуп на целиот вишок што го има на пазарот. Доколку не се одобрат количините кои и претходно беа одобрувани и тоа навремено, односно за помалку од еден месец, може да случи пропаѓање на уште некој капацитет од месната индустрија. Индустријата користејки ја оваа мерка од 2018 година наваму, соодветно одговори на увозот на готови роизводи од странство преку негово намалување за над 28 отсто или од 13 милиони килограми во 2017-та на 9 милиони во 2020 година. Притоа, дел од капацитетите остварија и извоз во земјите на ЦЕФТА, истакна Трајчев.

Месната индустрија во февруари побара од Владата со петтиот пакет антикризни мерки да ги врати картичките „Купувај домашно“ за граѓаните да ја трошат државната помош на домашни производи.

извор: МИА

Next Post

Зидан сè уште нема намера да ја предводи репрезентацијата на Франција

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk