ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Разговорот Заев – Борисов потврда дека низ комуникација и зачестени контакти може да се дојде до решение, порача Арсовски

March 22, 2021 16:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот контакт меѓу премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов е уште една потврда дека низ комуникација, дијалог и зачестени контакти може да се дојде до решение, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски во врска со телефонскиот разговор утрово меѓу Заев и Борисов.

Арсовски додаде дека заедничкиот заклучок, оти решението е во самиот Договор за добрососедство и пријателство од 2017, е токму она на кое Владата постојано се залага и опстојува како став е дека ова е одлична рамка за изнаоѓање решение за сите отворени прашања.

Во однос на тоа до каде е Акцискиот план, Арсовски рече оти кога ќе имаат нови моменти, ќе ја информираат јавноста.

На новинарско прашање дали за Владата не претставува мешање во внатрешните работи на други земји ставот на шефот на дипломатијата Бујар Османи, со кој на Бугарија и даде поддршка во т.н. шпионска афера со Русија, Арсовски рече дека Владата секогаш ќе дава поддршка на суверенитетот на секоја држава.

– Во однос на ова прашање можеме само да кажеме дека Владата секогаш ќе дава поддршка кога станува збор за суверенитетот на секоја држава во светот Северна Македонија ги поддржува сите наши сојузници и ќе демонстрира солидарност секогаш кога тоа е потребно, рече Арсовски.

Владиниот портпарол, во одговор на новинарско прашање дали признавањето на Косово од страна на Шпанија е приоритет на Владата, рече дека Северна Македонија има добри односи со сите соседни држави.

– За време на посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Шпанија, централна тема на средбите беше европското досие на Република Северна Македонија и поддршката на официјален Мадрид за европските интеграции на земјава со цел операционализација на одлуката од март минатата година со која 27-те земји-членки дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија. На агендата на средбите беа и разговори за регионалната безбедност, стабилност, европската перспектива на сите шест земји од Западен Балкан. Кон ова да повториме дека Северна Македонија има добри односи со сите соседни држави, рече владиниот портпарол.

Првиот вицепремиер Артан Груби за време на посетата на Приштина на 18-ти овој месец, на новинарско прашање дали Османи при посетата на Шпанија ќе лобира и за признавање на Косово, рече дека „прашањето за Косово е на приоритетната листа на Османи, како и на нашата партија како учесник во Владата на Република Северна Македонија“.

Next Post
Снимка од екран од ТВ21.мк

Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk