ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Океаните во фокус на годинашниот Светски метеоролошки ден

March 23, 2021 12:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Океаните, нашата клима и времето“ е мотото под кое годинава се одбележува Светскиот метеоролошки ден, 23 Март.

Во пораката на генералниот секретар на Светската метеоролошка организација (СМО), Петери Талас по повод Светскиот метеоролошки ден, се потенцира значењето на океаните на целокупниот глобален климатски систем, неговите промени, како и појавата на екстремните временски состојби. Затоа и ОН ја прогласи 2021/2030 за Декада на океаните.

-Според глобалниот климатски мониторинг, минатата година беше трета по ред најтопла година и покрај развојот на Ла Ниња состојбата во Пацификот, а декадата 2011-2020 е убедливо најтопла во историјата. Како последица, регистрирани се бројни промени: забрзано покачување на нивото на морињата, продолжени и интензивни сушни периоди, зголемен број на урагани, како и почести и посилни вон-тропски циклони, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) која се приклучува кон одбележувањето на Светскиот метеоролошки ден.

СМО, како наследник на Меѓународната метеоролошка организација, е формирана во 1873 година. Нејзината основна мисија е да ги поддржи земјите во обезбедувањето метеоролошки и хидролошки услуги со цел заштита на човечките животи и имот од природните непогоди поврзани со времето, климата и водите, зачувување на животната средина и придонес кон одржив развој.

Од 1961 година, Светскиот метеоролошки ден го одбележува датумот 23 март 1950 година кога стапува на сила Конвенцијата за основање на Светската метеоролошка организација и важниот придонес што го овозможуваат националните метеоролошки и хидролошки служби за зачувување на животите и благосостојба на општеството. Секоја година одбележувањето на денот се посветува на една тема од значаен интерес, а темата за оваа година е “Океаните, нашата клима и времето“.

УХМР е формирана 1947 и ги спроведува препораките на СМО во својата дејност за обезбедување функционален мониторинг на времето и климата, рана најава на неповолните временски појави и прогнози на времето, како и ефикасна примена на климатските истражувања во сите сектори.

извор: МИА

Next Post

Ефикасен и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економски раст на секоја држава

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk