ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ефикасен и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економски раст на секоја држава

March 23, 2021 12:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија со 35 милиони евра ги поддржува реформите во секторот јавни финансии во земјава со цел да се создаде ефикасен и транспарентен систем кој ќе овозможи поодговорно управување со јавните средства и намалување на ризиците за измама и корупција.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир, ефикасниот и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економскиот раст на секоја држава. Со таков систем се намалуваат ризиците од измама и корупција и се враќа довербата на јавноста дека јавните пари се трошат во интерес на граѓаните.

–  Токму затоа реформите во јавниот сектор се клучен столб во процесот на пристапување кон ЕУ. Поглавјето 32 за финансиска контрола заедно со поглавјата за правда и за внатрешни работи вообичаено се меѓу првите што се отвораат при преговорите за членство во ЕУ. Реформирањето на управувањето со јавните финансии е процес полн со предизвици кој бара постојани политички заложби, носење на тешки одлуки и цврста координација меѓу клучните институции во секторот, вклучувајќи ги меѓународните финансиски институции и граѓанското општество, порача евроамбасадорот при денешното презентирање на резултатите што произлегуваат од поддршката обезбедена од ЕУ. 

Постојните обуки на персоналот на буџетски корисници на централно и на локално ниво и новата Академија за јавни финансии, смета Гир, ќе дадат придонес кон градењето на транспарентен систем на јавни набавки, но потребни се и понатамошни напори за да се изгради фискална транспаретност и јавна доверба во институциите.

– Ова последново секогаш е најголем предизвик. На база на овие реформи ќе биде усвојувањето и ефикасната имплементација на новиот Закон за буџетирање на органите и Законот за внатрешна финансиска контрола. Иако е комплексна и полна со предизвици, сепак ефикасната примена на реформата на управувањето со јавните финансии ќе имаат директна корист за граѓаните. На тој начин, тие ќе знаат како се трошат нивните пари и тие ќе одговорат со поголема доверба и одговорност. Значи, не треба да ја изгубиме можноста да напредуваме за оваа реформа и покрај економските и општествени предизвици што се предизвикани од пандемијата, порача Гир.

Холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп смета дека реформите низ кои поминува земјава се неопходни и оти е потребна цврста политичка заложба.

– Тешката промена на менталитетот и потешкотиите со имплементацијата бараат строга политичка заложба и лидери кои се ориентирани кон реформи кои се способни за управување, рече холандскиот амбасадор.

Од Министерството за финансии посочуваат дека управувањето со јавните финансии е еден од приоритетите и оти и покрај пандемијата, сепак се имплементирани голем број активности.

– Мораме да имаме консензус дека треба да имаме цврсто управување со јавните финансии за макроекономска стабилност и предвидливост на економијата во земјата. Токму затоа ова го гледаме како долгорочно упатување и навистина го цениме она што граѓаните на ЕУ го прават за нас, рече Бесими.

Академијата за јавни финансии, смета Бесими, ќе овозможи постојани обуки за вработените со цел да се создаде модерна администрација која ќе може да испорачува брзи и квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот.

извор: МИА

Next Post

Витаминот К го забавува стареењето

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk