Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов вчера во телефонски разговор се согласија дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу двете земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, додека во исто време од Брисел дојдоа пораки дека Западниот Балкан останува приоритет за Унијата, како и заложби за старт на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побрзо.
Во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува 130 009, информираат од Државниот завод за статистика. Оттаму велат дека интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте.
Без објавување јавен оглас склучени се договори за јавни набавки во вредност од 11 милиони евра, покажува најновиот извештај од спроведениот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации за периодот јануари – јуни 2020 година. Ова, е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.
Сопственикот на „Дурмо Турс“ смета дека само возачот ја знае вистината за несреќата кај „Ласкарци“ Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“ Белули рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.
Жител на Кочани доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест. Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ односно лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.
За среќа нема вакцина против глупоста

„Рош“ и „Регенерон“ со ветувачки резултати за коктел против Ковид-19. Податоците од третата фаза на проучувањето покажуваат 70 отсто намалување на хоспитализациите или смртните случаи кај пациенти со Ковид-19 на кои не им е потребна хоспитализација.
Домаќинствата да добиваат ваучери за струја или субвенциите да ги добива директно снабдувачот, кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства. предлага Бислимоски.
ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува болеста на пратениците и ја блокира работата на Собранието, Алијанса на Албанците и Алтернатива поднесoa 32.000 амандмани, се спречува донесување важни закони за помош на граѓаните.
Бројот на нови случаи од Ковид-19 во постојан пораст, полицискиот час се продолжува до 6 април, вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и високоефикасна.
Џек Дорси, шефот и соосновач на Твитер, ја продаде својата прва објава, во облик на т.н. „незаменлив токен“ (НФТ), вчера, за нешто повеќе од 2,9 милиони американски долари.
Ј. Ѓ.