ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Западен Балкан приоритет за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието, повеќе од 130.000 самопопишани, ветувачки резултати за коктел против Ковид-19

March 23, 2021 12:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов вчера во телефонски разговор се согласија дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу двете земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, додека во исто време од Брисел дојдоа пораки дека Западниот Балкан останува приоритет за Унијата, како и заложби за старт на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побрзо.

Во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува   130 009, информираат од Државниот завод за статистика. Оттаму велат дека интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте.

Без објавување јавен оглас склучени се договори за јавни набавки во вредност од 11 милиони евра, покажува најновиот извештај од спроведениот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации за периодот јануари – јуни 2020 година. Ова, е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.

Сопственикот на „Дурмо Турс“ смета дека само возачот ја знае вистината за несреќата кај „Ласкарци“ Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“ Белули рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.

Жител на Кочани доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест​. Против 46-годишен жител на Кочани Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог, бидејќи сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ односно лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.

За среќа нема вакцина против глупоста

Карикатура од: Mark Fiore

„Рош“ и „Регенерон“ со ветувачки резултати за коктел против Ковид-19. Податоците од третата фаза на проучувањето покажуваат 70 отсто намалување на хоспитализациите или смртните случаи кај пациенти со Ковид-19 на кои не им е потребна хоспитализација.

Домаќинствата да добиваат ваучери за струја или субвенциите да ги добива директно снабдувачот, кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства. предлага Бислимоски.

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува болеста на пратениците и ја блокира работата на Собранието, Алијанса на Албанците и Алтернатива поднесoa 32.000 амандмани, се спречува донесување важни закони за помош на граѓаните.

Бројот на нови случаи од Ковид-19 во постојан пораст, полицискиот час се продолжува до 6 април, вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и високоефикасна.

Џек Дорси, шефот и соосновач на Твитер, ја продаде својата прва објава, во облик на т.н. „незаменлив токен“ (НФТ), вчера, за нешто повеќе од 2,9 милиони американски долари.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Океаните во фокус на годинашниот Светски метеоролошки ден

Shortcut

Најново

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk