ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на родовата еднаквост

March 23, 2021 18:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата еднаквост претставува заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија и, како таква, таа е дел од Програмата на Владата 2020-2024 година и Агендата за одржлив развој во 2030 година, како на национално така и на локално ниво, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во он-лајн обраќање на  65.сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединети нации,  која се одржува од 15-ти до 26-ти месецов на тема „Целосно и ефективно учество на жените во донесување на одлуки во јавниот живот  и зајакнување на жените’’.

Шахпасака посочи дека Република Северна Македонија се приклучува на изјавата на Европската Унија која се однесува на статусот на жените дадена на почетокот од  генералната дебата.

Таа потенцираше дека Владата на Република Северна Македонија преку своите механизми во претходниот период постигна неколку значајни резултати во постигнувањето на родова еднаквост. Донесени се Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој е целосно усогласен со меѓународните стандарди и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, целосно усогласен со Истанбулската конвенција. Министерството за труд и социјална политика започна процес на изготвување на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година.

-Во наредниот период, фокусот на работата ќе се насочи кон подготовка на новиот Закон за родова еднаквост, со кој се очекува да се подобрат механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и формирање на Центар за обука на родово одговорно буџетирање, што ќе биде континуирано образование за целата родова машинерија во земјата, потенцираше министерката, соопшти МТСП.

Таа истакна дека Министерството ќе продолжи да работи на креирање политики и мерки за вработување кои ќе ја намалат неактивноста на жените на пазарот на трудот, политики кои го регулираат родителското отсуство, заштита на работното место, флексибилно работно време и работа со скратено работно време и работни места за мајки, како дел од измени и дополнувања на Законот за работни односи.

-Сакам да ја истакнам силната посветеност на Република Северна Македонија да продолжи со преземање сериозни чекори насочени кон унапредување на родовата еднаквост, а со тоа и кон приближување кон Европската Унија, како и постигнување на родова еднаквост како приоритет на Владата, порача министерката Шахпаска. /МИА/

Next Post

Столтенберг го честита првиот роденден на членството на Северна Македонија во НАТО

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk