На денешниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честитал првиот роденден од членството на Северна Македонија во Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Родовата еднаквост претставува заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија и, како таква, таа е дел од Програмата на Владата 2020-2024 година и Агендата за одржлив развој во 2030 година, како на национално така и на локално ниво, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска
Министерството за култура, по последните случувања со градежните активности на локација, ресторан-дискотека Парк, предложи Информација до Владата за потребата за интегриран, координиран и синхронизиран пристап за заштитата на Охридскиот регион меѓу надлежните институции.
Истрагата за плацевите на Водно на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски купени со пари од членарините на сопартијците, се проширува и на новооткриени негови станови купени со пари на членството.