ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Витаминот К го забавува стареењето

March 23, 2021 12:18
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ
Share on FacebookShare on Twitter

Недостаток на витамин К во организмот и телото може да го забрза стареењето, предупредуваат нутриционистите. Имено, според рускиот диетолог Ина Пичугина, во отсуство на овој витамин, кој се содржи во зелената храна, интерлевкинот во организмот се намалува, што предизвикува проблеми со имунитетот и стареењето се забрзува.

– Ако некаде има оштетување на крвните садови, се создава тромб и крварењето престанува, објасни Пичугина.

Витаминот К е од групата витамини растворливи во масти. Тој е неопходен за синтеза кај протеините и е вклучен во коагулацијата на крвта.

Овој витамин е неопходен за нормално функционирање на бубрезите, а исто така помага и во односот калциум – витамин Д, кој е важен за коскениот систем и сврзните ткива. Покрај тоа, ова е потребно и во развојот на коскената структура кај децата. Кај постарите лица штити од остеопороза.

Витаминот К се наоѓа во спанаќот, зелената салата, зелката, како и во црниот дроб. Според научно истражување на стручњаци од Холандија и Белгија, недостаток на витамин К предизвикува компликации и може да биде фатален кај случаи со Ковид-19. Експертите откриле дека недостатокот на витамин К е еден од важните фактори што доведуваат до потешко оштетување на белите дробови.

Недостаток на витамин К води и до оштетување на крвните садови и тромбоза, што исто така, предизвикува тешки компликации и ненадејна смрт во случај со коронавирус.

Стручњаците препорачуваат јадење повеќе зелен зеленчук, масни сирења, млеко и путер за да се одржи потребната количина витамин К во телото.

извор: МИА

Next Post

Сообраќајот по влажни коловози со остатоци на кашест снег

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk