Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот, соопштија денеска од Автомото сојузот.
Врнежи од слаб снег се бележат само на Маврово.
Од АМСМ препорачуват прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од Сојузот потсетуваат дека патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15 ноември минатата година. Патот ќе е затворен до 1 април 2021 година.
извор: МИА