пишува: РИБАРО
Екипата на АХА, утрово е преплавена со прашања од нашите верни читатели, кои после вчерашното гостување на Мицевски на една македонска телевизија, биле изненадени од видно потемнетиот тен на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Дел од прашањата ви ги пренесуваме интегрално:
Соња од Скопје: Дали и Мицевски го добил тенот во Мексико, или во друга егзотична земја? Кој препарат и фактор го користел за да добие таква специфична боја?
Миле од Прилеп: Некако е рано Мицевски да го добил тенот на нива садејќи тутун, мора да е од некоја афричка или далечна плажа од Карибите?
Ванчо од Кавадарци: На лозовите насади сè уште немаме почнато со работа, Мицевски мора да се сунчал во некој од бугарските ски центри.
Валерија од Струмица: Вистина е дека Мицевски се понуди за помош во средување на пластениците, но му укажавме дека сега не е сезона и нема шанса да ја добие посакуваната боја на кожа берејќи краставици. Мора да се одлучил ли за алтернативната варијанта – плажа во март.
Дамјан од Куманово: Љубоморен ли е Рашковски?
Екипата на АХА се обиде да стапи во контакт со Мицевски и го праша од каде му е потемнетиот тен, но засега немаме добиено одговор.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK