ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Симовски – Близнаковски: Интересот за самопопишување на дијаспората постојано расте, институциите се на располагање за сите прашања и дилеми

March 24, 2021 18:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, денеска одржаа работен состанок посветен на тековните активности поврзани со самопопишувањето на македонските државјани.

Самопопишувањето на дијаспората е во тек од 1-ви март, а ќе заврши на 21-ви април.

Како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, утрово, бројката на самопопишани изнесуваше 137.111 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102  за само еден ден.

На состанокот било истакнато дека двете институции се задоволни од досегашниот одѕив и очекуваат оваа бројка да се зголемува постојано.

Државниот завод за статистика, како и Агенцијата за иселеништво, се посочува во соопштението, се во редовна комуникација со дијаспората и постојано се достапни за одговор на сите нивни прашања и дилеми.

– Двајцата директори уште еднаш ја истакнаа важноста од попишувањето на македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство. На тој начин тие имаат можност да се впишат во базата на нерезидентно население, а овие податоци на државата и се потребни за соодветно планирање и подобрување на услугите кои дипломатско-конзуларните претставништва ги нудат, како и за подобрување на политиките внатре во државата, се наведува во соопштението.

Директорот Симовски и директорот Близнаковски апелирале до сите чинители во општеството да се приклучат на повикот кон дијаспората да ја искористи оваа едноставна можност и да се попише во што поголем број. /МИА/

Next Post

Филипче: Новата регулатива на ЕУ за вакцините се однесува на механизмот на солидарност, не на директните разговори со компаниите

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk