„Нашиот попишувач при влезот во домот нема да има физички контакт со никого, ќе направи дезинфекција на опремата, ќе се измие, ќе носи заштитна опрема. Ако некој постапи спротивно на протоколите ќе го отстраниме. Не може такво лицемерие да имаме во јавноста, да изразуваме загриженост за пописот како опозицијата, а да гледаме забави во кафеани и полни ресторани. Гледавме снимки како Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се сликале по 50 жени на една фотографија без да почитуваат мерки за заштита. Не може да зборувате за пописот, а ве фаќаат во кафеана на ноќна забава, надвор од работно време на угостителскиот објект. Ако водиме сметка ќе нема опасност, ако не водиме сметка ќе има опасност од пописот. Ако после пописот граѓанинот отиде во кафеана и таму се зарази како ние би биле одговорни. И попишувачите се луѓе, и тие сакаат да останат здрави и сакаат да се заштитат.“ изјави Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Симовски дополни дека Заводот за статистика го почитува максимално сите протоколи и тврди дека со ништо никого нема да се загрози.