ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кабинет на вицепремиерот Битиќи: Недела неработен ден е реалност, моделот мора да ги заштити сите

March 26, 2021 18:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Владината мерка за недела – неработен ден ќе се преточи во законско решение и тоа во најскоро време. Тоа е ветување што Владата го стави како приоритет во владината програма и истото ќе се оствари, соопшти попладнево Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во соопштението се посочува дека примената на законското решение ќе биде во согласност со сите социјални партнери и предвид ќе бидат земени сите фактори кои се дел од функционирањето на економијата како што се и веќе зацртаните планови за буџетирање на компаниите од приватниот сектор и на институциите од јавниот сектор.
– Работниците и работничките кои ќе работат кај работодавачите кои ќе функционираат и во недела ќе добиваат зголемен надоместок за работа во недела, што значи дека и буџетите на фирмите ќе претрпат измени, а за да не дојде до краткорочни промени во бројот на вработените поради зголемување на овие надоместоци кај работодавачите, сепак треба да се даде простор за реорганизација и планирање со стартен период од новата календарска година, т.е. 2022. Владата мора да ги земе предвид сите општествени фактори, како фактот дека во оваа календарска година се уште се справуваме со последиците предизвикани од Ковид кризата, се нагласува во соопштението.
Од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи истакнуваат дека се разгледуваат и предлозите на синдикатите за отстапки во валоризацијата на механизмот „работа во недела“ кои ќе бидат поповолни за работниците и работничките.
– Владата цврсто верува во социјалниот дијалог и само преку заеднички договор ќе дојдеме до конечното решение, а тоа ќе значи попродуктивна работна сила, фер валоризација на трудот на работничките и работниците и работодавачи кои веруваат во прогрес и развој. Денешната средба со стопанските комори беше предвидена за дискусија за Измените и дополните во Законот за данок на имот и кратка консултација за одредени теми вклучувајќи го и делот за  „недела неработен ден“, а дијалогот меѓу социјалните партнери (Владата, синдикатите и работодавачите) ќе се одвива преку седниците на Економско-социјалниот совет, се подвлекува во соопштението.
/МИА/
Next Post

Продолжен карантинот во Грција, Владата воведува „self testing“

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk