“Ние денеска фомиравме комисија за надзор врз објектот Парк во Охрид, да видиме како е дадено одобрение за градење, дали се почитувале постапките, конкретно за овој предмет е комисијата. Ако имаме потреба од инспекции ќе ги повикаме, да ја видиме реално состојбата, тоа значи двостепена контрола ќе извршиме. Ингеренциите за овој објект се на општина Охрид, затоа ние сега ќе пристапиме да го разгледаме предметот. Никој нема да биде оштетен, односно секој што направил грешка, ако има грешка во постапката, ќе одговара. Паралелно задолжена е и општина Охрид уште еднаш да го провери предметот и да ја извести владата.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски, во „Топ тема“ на телевизија Телма
„Имавме осмомартовски забави со непочитување мерки, сите видовме многу фотографии од многу прослави. Имавме перидов летни одмори на многумина, луѓето патуваат во далечни државиу како да нема вирус, ама сите тие се враќаат назад, и може да ни донесат сешто. Секој одговара за себе, не е добро да се патува во моментов, исто како што не е добро да се групираме. Едноставни се мерките, носете маска, држете дистанца, правете дезинфекција на раце и многу важно, не се групирајте.“- порача претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, во „Само интервју“ на Канал 5.
Имавме еден бран минатата година кога голем број протоколи беа донесени за почитување на мерките, од кои најважно се маски, негрупирање, дезинфекција. Многумина останаа да не веруваат дека има вирус. Имавме втор бран лани, есента, а сега имаме трет бран, насекаде. Но, сега имаме британски сој, имаме бразилски, чешки, норвешки и други соеви.
Круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, изјави вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, денеска, пред игралиштето на Соколана, остварија средба со спортските ветерани од Куманово и информираа за текот на првата фаза од реконструкција на комплексот. Владата преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди седум милиони денари за отпочнување на првата фаза за реконструкција на Соколана.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас рече дека кон средината на следната седмица надлежната комисија на епидемиолози ќе ја разгледа можноста за отворање на малопродажбата, училиштата, како и да се дозволи движење на граѓаните од една во друга општина.
Владината мерка за недела – неработен ден ќе се преточи во законско решение и тоа во најскоро време. Тоа е ветување што Владата го стави како приоритет во владината програма и истото ќе се оствари, соопшти попладнево Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.