ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовирани нови 569 полициски службеници во Идризово

March 27, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска 569 кандидати од генерацијата 2019-2020 година, кои минаа ригорозни конкурсни селекции и ја завршија едногодишната обука беа промовирани во нови полициски службенци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој им се обрати и им честита на новите полициски службеници, им порача и дека ова е почеток на низа континуирани чекори при што дополнителната едукација и животните и работните искуства ќе кулминираат во живот воден од желбата пожртвувано да се придонесе за благосостојбата на луѓе околу нив, на општеството и државата.

– Посебно се радувам што сите вие 569 кандидати, кои што ги минавте ригорозните конкурсни селекции, ја завршивте едногодишната обука со солиден успех, како една од поуспешните полициски генерации во изминативе десетина години, а како награда за вашата посветеност најдобрите од вас ќе имаат можност да бираат во која организациона единица во МВР би сакале да ја продолжат својата професионална кариера, рече Спасовски пред присутните, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, како и раководителот на Центарот за обука на МВР, Гоце Бачанов.

За Спасовски задоволство е и фактот што оваа генерација може да се пофали со зајакнување на родовата рамноправност, односно што 100-тина од новите полициски службеници се жени, чија улога е извонредно важна во полициското работење.

Тој нагласи дека оваа генерација целиот овој процес го оствари крајно одговорно во време на глобална пандемија со коронавирусот Ковид-19, низ строги здравствени протоколи и правила.

Пред сите нас како припадници на полицијата, на Министерството за внатрешни работи, и покрај сѐ што е досега реализирано, потенцира министерот Спасовски, ни претстои период на уште подинамично реформирање, период на нови и ни малку лесни предизвици, целосно институционално сообразување на министерството, на сите негови служби, особено полициската, согласно модерните трендови и стандарди на работење на европските полиции.

–  Ако изминативе неколку години можеме да го опишеме како период на примарно нормативно конципирање на ресорот за внатрешни работи, и период во кој што дополнително инвестиравме во делот на материјалното, техничкото, образовното, социјалното и професионалното надградување на институцијата и на сите нејзини вработени, сега доаѓа период кога треба сите професионални капацитети уште поинтензивно да ги демонстрираме, не само во натамошна имплементација на реформите во нашето секојдневно работење, туку уште повисоко да го подигнеме постигнатото ниво на полициска ефикасност во сите сфери од работењето, истакна во обраќањето Спасовски.

Тој порача дека од нив како идни полициски службеници, очекува целосна посветеност на работата, отвореност, одговорност, чесност и хуманост – квалитети што треба да бидат основата на нивните, како што рече,  професионални стандарди и професионален и човечки интегритет.

– Вие заедно со нас ја преземате задачата да се борите со сите предизвици и сите видови на криминал со кои се соочува едно општество. Притоа мора да имате предвид дека со оваа униформа во залог ги добивате сите успеси постигнати во минатото и сиот углед на таа полициска униформа којшто го стекнувале и граделе генерациите пред вас. Во крајна линија морате да бидете свесни дека единствено со таква мисла и уверување ќе можете да дадете свој полн придонес во остварувањето на новите цели на нашето општество, меѓу другото, и изградба на полиција како институција што ќе биде исклучиво во служба на граѓаните! Притоа, јасно уверувајќи ги граѓаните дека правдата е еднаква за сите, дека законите повеќе не се само обични декларации, туку реални норми во општественото живеење што мора да се чуваат, штитат и почитуваат, рече меѓу другото Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски изрази увереност дека тие сето она што го научиле и стекнале како искуство низ четирите образовни модули, ефикасно ќе го применат во организационите единици каде што ќе бидат распоредени, дотолку повеќе што полицијата има и тоа како потреба од нови, млади и амбициозни луѓе, желни за професионален развој и напредок.

– Можеби не секогаш ќе бидете во вашата зона на комфор, бидејќи таква е природата на полициското работење и веројатно нема секогаш да можете да ги решавате сите светски проблеми оддеднаш, што е одлика на младите генерации, но никогаш не ја потценувајте важноста што можете да ја имате во општеството, бидејќи историјата ни покажа дека храброста може да биде заразна, а со тоа и надежта да добие реален лик, им порача министерот Спасовски.

На новите полициски службеници денеска им се обрати и премиерот Зоран Заев, кој меѓу другото нагласи дека како и со секоја генерација претходно, така и со оваа, инструкторите од Центарот за обука на МВР со успех создалеа уште една генерација полициски службеници. Заев пред неговото обраќање направи неколку фотографии од говорницата, потенцирајќи дека за него ова е посебна чест и прилика.

Според Заев, честитки и признание заслужува и грижата за континуитетот во обезбедувањето на професионални кадри при МВР.

На најдобрите Блашко Тодоров, Никола Станоев, Павел Арсовски, Ќирче Атанасов, Роберт Коруновски, Сара Максимовска, Александар Николовски, Николче Житошански, Влатко Владевски, Кристијан Јосифовски, Јована Атанасовска, Ангела Митевска и Симеон Ристевски им беа доделени плакати.

Признанија им беа доделени и на 16 кандидати кои го завршиле основниот степен во изучување на францускиот јазсп/ик, во организација на Амбасадата на Франција во нашата земја.

Next Post

Показни вежби на елитните единици на АРМ по повод една годишнина од полноправното членство во НАТО

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk