ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за економија објави три јавни повици за субвенционирање на компании и занаетчии

March 29, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економија ги објави јавните повици за субвенционирање микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Повиците ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“, а новина е што годинава првпат средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони во државата, односно повеќе средства ќе добиваат помалку развиените региони.

Трите јавни повици, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, се објавени пред десетина дена, а сите заинтересирани компании имаат рок да аплицираат до 16-ти, односно до 30 април и да ја искористат финансиската поддршка од Министерството за економија.

-Со јавниот повик за субвенционирање микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50 отсто од докажаните трошоци за набавка на машини и алати и за набавка и инсталација на фотоволтаични панели. За оваа мерка се предвидени вкупно 30,7 милиони денари од буџетот на Министерството за економија, а  финансиската поддршка по еден апликант е најмногу 400.000 денари, рече Бектеши.

Доколку фирмата е управувана или основана од жена, додаде, тогаш субвенцијата се зголемува за 10 отсто.

-Субвенционирани ќе бидат трошоците направени во 2020 и 2021 година, а крајниот рок за аплицирање за оваа мерка е 16 април годинава, појасни Бектеши.

Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво, посочи, предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80 отсто на трошоците на компании кои се 50 проценти во сопственост или управувани од жени за набавка на опрема и алати, уредување или подобрување на деловниот простор и воведување софтверски решенија.

-За оваа мерка во буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 4 милиони денари, а максималниот износ на поддршка по апликант е не повеќе 150.000 денари, освен кај трошоците за воведување софтверски решенија каде што финансиската поддршка е најмногу 60.000 денари. Крајниот рок за аплицирање е 30 април годинава, истакна Бектеши.

Со јавниот повик за субвенции за занаетчии, како што рече, е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60 отсто од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор, но не повеќе од 120.000 денари за еден апликант. За оваа мерка се предвидени  6 милиони денари, а крајниот рок за аплицирање е 30 април годинава.

-Првпат оваа година распределба на средствата предвидени во јавните повици од КИП програмата ќе се применува начелото за рамномерен регионален развој. Тоа значи дека средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони во државата. Според ова правило најголем дел од средствата предвидени во секој јавен повик  ќе се поделат во најмалку развиените региони, а најмал дел од средствата ќе бидат во најмногу развиените региони, појасни Бектеши.

За Севериосточниот регион кој е најмалку развиен, истакна, ќе бидат распределени 17,3 отсто од финансиската поддршка, за Вардарскиот регион 14,7 за Југозападен 13,3, за Полошки регион 13,2, за Пелагониски регион 11,9, за Источниот 11,3, за Југиосточниот 11,1 и за Скопскиот кој е најразвиен ќе бидат распределени 7,2 отсто од средствата.

-Распределбата на средствата во рамки на секој плански регион  согласно принципот „прв дојден, прв услужен“  ќе се применува за апликантите од ист плански регион. Доколку вкупно распределените средства во одреден плански регион наменети за субвенционирање на претпријатија од тој регион не се искористат, ќе се доискористат за субвенционирање на апликантите во плански региони каде што има апликации, рече Бектеши и додаде дека  распределбата на овие средства ќе се прави исто така според разиеност на планските региони.

Next Post

Филипче: Во среда почнува процесот на имунизација, во април очекуваме вакцини од повеќе места

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk