Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција истакна дека со премиерот Зоран Заев се договориле пописот да се одложи.
„ Се согласивме пописот наместо сега да се одложи за наесен, апликацијата за дијаспората да биде активна до завршување на физичкиот попис. Пописот ќе се презакаже за во месец септември и прва половина октомври, додека пак изборите да бидат втората половина во октомври“, изјави Мицкоски.