Уште утре ќе се почне со измена на Изборниот законик во кој ќе се внесе гласање со отпечаток од прст, рече премиерот Зоран Заев по средбата со договорот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Заев кажа дека од утре работни групи во законодавниот дом ќе разговараат и за отворени листи, како и локални избори во еден изборен круг. По средбата, премиерот кажа дека со Мицкоски договориле и одблокирање на Собранието.
„Делот што го договоривме за одблокирање на Собранието е важен, односно законите како што се за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки, законите за клинички центар, АВМУ/МРТВ закони кои се заглавени повеќе од година и пол, Законот за државјанствата, законите за пензионирање, законите за екологијата, законите од европската агенда.
Верувам дека во периодот што престои ќе има покомфорна атмосфера и законодавниот дом ќе биде одблокиран. Прифативме уште утре во Изборниот законик да влезе гласањето со отпечаток од прст. Со самиот Изборен законик зедовмее обврска да започнат да работат групи и да се разговара за отворени листи, како и за барањето на избори во еден изборен круг.
Но, и да се разговара за една изборна единица за парламентарни избори“, рече Заев.