Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигнаа во Клубот на пратеници каде треба да разговараат за повеќе прашања од интерес на државата и граѓаните. На средбата прв пристигна Зоран Заев, а по десетина минути задоцнување се појави и Христијан Мицкоски.
Премиерот Заев во четвртокот вечерта соопшти дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за нивна тет-а-тет средба.
– Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на својот фејсбук-профил во четвртокот вечерта.
Ј. Ѓ.
фото: Арбен Зеќири