Граѓанскиот активист и командир од противпожарната бригада Скопје, Владимир Кочовски, преку фејсбук објава, реагира на вчерашното пропаѓање на машина за чистење на Плоштадот Македонија во Скопје.
„На плоштад пропадна камион. Сега пропадна малецко возило за чистење.
Ова се случува поради тоа што нема мапа.
Плоштадот е како минско поле.
Никола ја има мапата, ама тој е у Маџарска и не ја дава.
Ако треба амбулантно возило да помине ќе пропадне.
Ако противпожарно возило треба да помине, ќе пропадне.
Мислевте ли на такви работи кога го градевте?!
Имав неколку ситуации кога имаше пожар и одеше човек пред нас да ни кажува дали ќе издржи да поминеме од тука.
Руши се што има таму и направи нормален плоштад а не Дизниленд.“, реагира Кочовски во својата објава.




