Лажните вести можат да нарушат здравје, можат да направат проблеми, дури може да уништат и човечки живот, тие се толку страшни и затоа мора да се бориме со нив, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики.
Верувам дека сите одговорно ќе се однесуваме и ќе изнајдеме решение за поддршка на измените на Законот на попис од страна на сите политички партии, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање околу најавената блокада од Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои соопштија дека не поддржуваат одложување на пописот.
Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија.
Владата денеска на 59-та седница го одобри текстот на Меморандумот за разбирање помеѓу со компанијата „Бехтел и Енка“ за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10.
Министерката за образование и наука Мила Царовска изјави дека е поднесено барање до Министерството за здравство и до Комисијата за заразни болести, и наставниците да бидат дел во приоритетната група за вакцинирање и таа смета дека нивниот став е позитивен.
Лидерскиот состанок на Зоран Заев и Христијан Мицкоски е нова надеж дека ќе продолжат политичките процеси во поинаква, конструктивна атмосфера. Потегот на премиерот да покаже подготвеност дека е спремен за компромис во однос на сите клучни прашања кои ги засегаат граѓаните, е јасна порака до лидерот на опозицијата дека власта нема намера да ги остави граѓаните да страдаат.