ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев верува дека ќе се најде решение за Предлог-законот за државјанство

March 30, 2021 18:23
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики.

Тој не сакаше да навлегува во детали околу можните законски решенија, но рече дека е потребен еден доказ, аргумент, врз основа на кој некој би се стекнал со државјанство.

Премиерот најави дека утре во Собранието ќе има координација за Предлог-законот меѓу пратеничките групи и министрите за внатрешни работи и за правда, се со цел да се дојде до најдоброто законско решение.

– Како претседател на Владата уште во четвртокот вечерта по седницата за пратенички прашања дадов насока до министрите за внатрешни работи и за правда, да подготват идеи, европски практики и да изнајдат потенцијални решенија, коишто ќе се засноваат на докази и аргументации. Нашата волја е присутна исто како и кај две опозициски партии Алијанса на Албанците и Алтернатива и верувам дека ќе најдеме решение, рече Заев, коментирајќи го барањето на Алијанса на Албанците и Алтернатива да се донесе нивниот Предлог-закон за државјанство во Собранието, во спротивно тие ќе ја блокираат работата на законодавниот дом.

Тој нагласи дека не се работи за опструкции, за несакање да се најде решение, туку „за изнаоѓање на трајни одржливи решенија коишто секако нема да предизвикуваат проблем на они коишто немаат државјанства“.

Заев не сакаше да навлегува во детали околу законското решение, но посочи конкретни примери во кој случај на некој граѓанин ќе му следува државјанство.

– На пример, ако повозрасна наша сограѓанка нема државјанство, но нејзините деца поминале одредени години по раѓањето, имаат свидетелства, дошле до одредени документи и тоа би било сериозен доказ како аргумент дека на таа жена треба да ѝ се даде државјанство. Друг пример, ако од стапување во брак поминале осум, 10 или 15 години, а не е издадено државјанство, ќе се најдат практичните аргументации за давање на истото. Ни треба наједноставниот можен начин за да се издадат тие државјанства, но да има барем еден заснован доказ, односно аргумент на основа на кој ќе може службеник да стави свој потпис, да понесе одговорност, преку почитувањето на законите, истакна Заев. /МИА/

Next Post

Рекорден број новозразени во Грција, Комисијата на епидемиолози утре ќе разгледа олабавување на мерките

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk