ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

До добивање официјални препораки, Астра Зенека ќе ја примаат само лица над 60 години

March 31, 2021 15:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Националната техничка работна група за Ковид-19 вакцинација при Министерството за здравство соопшти дека ги следи сите информации во однос на ефикасноста и безбедноста на сите вакцини, вклучително и на вакцината на „Астра Зенека“.

-Во тек на вчерашниот ден беа разгледани ставовите на Германија и Канада, чии здравствени регулаторни тела одлучија оваа вакцина привремено да ја користат само кај популација постара од 60, т.е. 55 години, стои во соопштението.

Овие одлуки ги темелат на појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта, вклучувајќи и ретки случаи на тромбоза на церебрален венски синус кај лица кои ја примиле вакцината на „Астра Зенека“.

Во моментов од страна на ЕМА и СЗО нема промена на официјалните препораки во однос на возрасните групи кои може да ја примаат вакцината на „Астра Зенека“. Засега најголем број европски држави продолжуваат со вакцинацијата на цела популација со вакцината на „Астра Зенека“, стои во соопштението.

Имунизација со „Астра Зенека“ во нашата земја почна денеска за граѓаните над 77 години и ќе се одвива според националниот план за вакцинација.

Од Национална техничка работна група за Ковид-19 вакцинација посочуваат дека внимателно ќе ја следат состојбата и новите информации во однос на употребата на вакцината на „Астра Зенека“, а како мерка на претпазливост во следните денови до добивање на официјални препораки и ставови, вакцината на „Астра Зенека“ во нашата држава ќе се употребува само кај популација постара од 60 години.

Бенефитот од вакцинацијата неколкукратно е поголем од ризикот на истата и вакцините остануваат единствен начин за сузбивање на пандемијата. Досега од вакцината на „Астра Зенека“ се дадени над 15 милиони дози и бројот на несакани реакции е изворедно мал, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ за Еурактив: Свесни сме за слободата на медиумите, но мораме да следиме со какви пари се финансираат

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk