Постојат сериозни предизвици во однос на заштитата на независноста на институциите за заштита на човековите права и слободи. Слаба е довербата на граѓаните кон овие институции, и голем дел од овие институции во сите шест земји во Западен Балкан се соочуваат со недостаток на финансии и човечки ресурси.
Ова е заклучокот од истражувањето за ефективноста на националните институции за човекови права на западниот Балкан, подготвено од Civil Rights Defenders, Институтот за европска политика – Скопје и експертки од регионот.
Наодите од анализата која ги опфаќа сите шест земји во регионот, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија, се дека законската рамка во однос на независноста на институциите за заштита на човековите права и слободи како што е Народниот правобранител постои, и е над минимумот, но постојат предизвици во однос на процесот на назначување на луѓе на овие позиции, се остава простор за произволност, но и можност за влијание.
Билјана Котевска од Институт за европска политика – Скопје на денешната виртуелна конференција посочи дека постојат сериозни предизвици во однос на заштитни механизми за независноста на оваа институција.
-Такви заштитни механизми се одредби за избегнување на судир на интереси, или за заштита од принуда, заштита од мешање и други. Многу беше интересно да се види дека вообичаено има експлицитен или имплицитен притисок во овие земји, во однос на клучните луѓе во институциите за заштита на човековите права и ова е насекаде така низ земјите. Владите пред се вршат притисок на институциите, рече Котевска.
Според истражувањето, институцијата Народен правобранител во целиот регион има слаба доверба кај граѓаните, односно прагот на довербата е помалку од 50 отсто.
Во однос на достапност на ресурсите и капацитетите, тука лежат најголемите предизвици. Постои недоволност на финансиски и човечки ресурси скоро кај сите институции, но и политизација при процесот на вработување.
-Тоа е сериозен проблем кој се појавува конзинстенто низ целиот регион. Има недоволен капацитет, прашање кое многу влијае врз сето ова е партизацијата или политизацијата на процесот на вработување и недостиг на плурализам меѓу вработените. Ниедна институција во регионот не може да се каже дека има состав на врбаотените кои го рефлектираат целото општество, посочува Котевска.
Институциите за заштита на човековите права и слободи треба да соработуваат и со невладините организации.
Котевска појаснува дека соработката од овој тип најчесто е поврзана со некој проект или некои конкретни настани, но не е структуирана во однос на меѓународна соработка, и недостасуваат информации во однос на суштинските резултати или исходи од таква соработка.
Исто така, горливо прашање е и пристапноста до овие институции. Најтежок пристап до институциите за заштита на човековите права имаат лица со инвалидитет. Поточно, лица со физички инвалидитет, но и оние со сензорни и психо-социјални инвалидитети.
-Во третиот домен согледовме потреба за зајакнување на заштита на сведоците и свиркачите што претставува проблем во сите институции, посебно имаме критериуми за институциите за заштита на податоци, за зачувување на доверливи податоци во целиот регион. Гледаме често менување на законодавна рамка за овие институции. Кога станува збор за невладините организации, сугериравме зголемување на вмрежувањето и соработката. Потребна е и проактивна улога во однос на нивните активности на регионално ниво, додава Котевска.
Горан Милетиќ, директор за Европа, Civil Rights Defenders посочи дека најчесто овие институции ги земаме здраво за готово, а во реалноста треба да бидат клучен партнер на цивилното општество и на невладиниот сектор во одбраната на човековите права и промовирањето на стандардите за заштитата на човековите права. Тие, како што рече, се први кои комуницираат со граѓаните во однос на заштита на човековите права.
-Во овој момент во Шведска каде што моментално работам се водат дискусии во однос на постоечкиот Инситут за заштита на човековите права и како граѓаните гледаат навистина ова е голема работа, овде во Шведска народниот правобранител е многу почитувана институција, за нас на Балконот како да претставува некој истражувачки институт Народниот правобранител. За Шведска оваа институција е столб на заштитата на човековите права во целото општество. Го даваат вистинското значење кое што инситтуцијата го заслужува, рече Милетиќ на денешната конференција.
Според Милетиќ, оваа институција треба и понатаму да се развива, и треба да и се придава значење како што заслужува. Потреба е, како што рече, добра законодавна рамка но таа според него не е секогаш доволна.
-Од друга страна ја имате законодавната и извршната власт, и потребна е добра законодавна рамка но таа не е секогаш доволна, тоа значи да се има не било каков закон, туку добар закон според кој ќе работи инстиуцијата народен правобранител или друга институција за човековите права, и потребно е да се имаат сите средства и ресурси. Кога говориме за развој на институции посебно во контекст на институциите, ова е проблем кој никогаш нема конечно решение, посочи тој, додавајќи дека е потребна е една сеопфатна анализа на овие институции на Балканот.
Според истражувањата, Милетиќ појасни дека граѓаните во сите шест држави на Западниот Балкан сметаат дека не еднакви пред законот, и дека законите се недоволно релевантни.
Тој додаде дека само 36 проценти од граѓаните во овие шест држави веруваат дека постои владеење на правото.
-И 36 процети е многу низок, потребно е да направиме подобрувања, граѓаните сметаат дека заштитата на човекоивте права е важно прашање, можеби некои од нив се збунети од терминологијата можеби не знаат што се спаѓа во заштитата на човековите права, можеби некои имаат и предрасуди во некои термини, можеби се сомнителни кон граѓанското општество, но поголемиот дел од граѓаните ја разбираат суштината но и важноста на заштитата на човековите права и она што е потребно да се направи истото, посочи Милетиќ.
Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика- Скопје на конференцијата нагласи дека е потребна поголема поддршка во поглед на европските интеграции.
– Феормалната улога на Европската Унија можеби е ослабната, па работата паѓа на институциите на национално ниво, на извршната и законодавната власт и секако институциите за заштита на човековите права ќе бидат камен темелник за заштита на човековите права, додаде Кацарска.
Синиша Бјековиќ, народен правобранител од Црна Гора кој исто така присуствуваше на денешната конференција рече дека независноста на институцијата Народен правобранител во оваа држава е обезбедена со правниот поредок, но потребно е уште повеќе да се крене авторитетот и да се воведат посебни закони за да не се деградира самата позиција на омбусдманот.
-Кога станува збор за независноста, таа е обезбедена во црногорскиот правен поредок и единствено што би сакале да направиме за да го кренеме авторитетот на самиот заштитник на човековите права. Во однос на формалните и неформалните притисоци како облик на извршување на можни притисоци на самата институција таа дефакто секогаш присутна, рече Бјековиќ.
Темата на денешната виртуелна конференција е „Темел на човековите права: Ефективни национални институции за Западниот Балкан“, во организација на Civil Rights Defenders и Институтот за европска политика – Скопје.
извор: МИА