ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МКЦ стана дел од најреномираната мрежа за концертни сали во Европа „Liveurope“

March 31, 2021 13:02
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Младинскиот културен центар од денеска е полноправна членка на најреномираната мрежа на концертни сали во Европа, Liveurope. Станува збор за мрежа на легендарни европски концертни сали кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија. За деталите поврзани со ова членство, на денешната прес-конференција зборуваа градоначалникот Петре Шилегов, директорот на МКЦ, Русе Арсов и музичкиот уредник во МКЦ, Владица Младеновски.

– Liveurope е платформа која се перцепира како сертификат за квалитет кој се доделува на концертни сали кои работат посветено на претставување на европската култура, на европската музичка сцена. До минатата година имаше 16 вакви концертни локации од 16 држави во Европа, меѓу кои се Ансен Белжик од Брисел и Вега од Копенхаген, а единствена од регионот беше Кино Шишка од Љубљана. Од годинава, МКЦ заедно со уште 4 концертни сали од Линц, Братислава, Загреб и Солун стануваат дел од оваа платформа, со што и официјално се потврдува вредноста која што МКЦ ја има во културниот живот на државата и во културниот живот на градот, но и во посветеноста на промоцијата на европските вредности и на европската култура на младите автори во Македонија кои се дел од оваа сцена. Во таа насока сакам да упатам голема благодарност до екипата на Младинскиот културен центар која со својата посветена работа во овие тешки цивилизациски услови успеа не само да се одржи, туку успеа да израсне во јадро на македонската култура. Во услови на светска пандемија успеавме лани да имаме концерти во секое едно маало во нашиот град во проектот „Култура во време на корона“, одржавме над 130 концерти и горд сум што како град ја имаме единствената јавна институција која е дел од европска мрежа на културни институции – рече Шилегов.

Со тоа, додаде тој, Град Скопје се позиционира како битна локација во европската и светската музичка сцена и дополнително се приближува до престижното признание Европска престолнина на културата за 2028 година, на што Град Скопје посветено работи изминатите три години.

– Ова е награда за се она што го работевме изминатите години, а посебно последната година во време на пандемија кога успеавме да сработиме околу 130 концерти. Мрежата е првенствено насочена спрема младите бендови и нивната европска промоција, како и кон промоција на европските бендови на нашата сцена – објасни денеска Русе Петров.

Liveurope, која e најстарата европска музичка платформа создадена со цел соработка на култни музички центри кои работат заедно за да ја зајакнат различноста на европската богата музичка сцена е кофинансирана од Креативна Европа, програма на Европската унија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk