ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Осуда за видеото на Џамбаски од Делегацијата на ЕП во Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-ЕУ

March 31, 2021 19:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изразуваме длабока загриженост во врска со видеото на европратеникот, во кое се изразуваат територијални претензии кон Северна Македонија од страна на партија во бугарската Влада и со кое се покажува отворено непочитување кон европските вредности, единствено поради некаков бенефит во политичка кампања. Тоа се коси со основните начела врз кои е создадена Европската Унија, како и со Договорот за добрососедство помеѓу двете држави, нагласува Канцеларијата на делегацијата на Европскиот Парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ во врска со видеото на европратеникот Ангел Џамбаски.

Во соопштението, што е испратено од страна на претседавачот на Комитетот, Андреас Шидер и замениците-претседавачи Ирена Јовева и Марион Валсман се осудува потпалувачката политичка кампања. Тие изразуваат длабоко жалење поради тоа што со видеото на Џамбаски отворено се искажува непочитување кон прогресот и напорите кои ги направи Северна Македонија на својот европски пат, кои се признаени од ЕП, европските институции и нејзините земји-членки.

– ЕУ цели кон промоција на мир, демократски вредности и благосостојба на граѓаните, надминување на историските разлики и работење заедно кон заедничка иднина. Ние инститираме Бугарија и Северна Македонија да ги продолжат своите напори кон добрососедски односи и каква било акција, со која се нарушува добрососедски дух треба да биде избегнувана и ќе наиде на осуда како неприфатлива.  Затоа ја повикуваме бугарската Влада, вклучувајќи го и премиерот, да го осудат ова видео, објавено од нивниот владин партнер и јасно да се дистанцираат од каква било потпалувачка реторика за добивање на политички поени и промовирање на националистички идеологии, се нагласува во соопштението.

Од Канцеларијата потсетуваат дека политиката за проширување мора да биде водена од објективни критериуми и не смее да биде попречена од унилатерални интереси.

– Ја потврдуваме поддршката на Европскиот Парламент за стратешкиот избор на земјата, за нејзината интеграција и крајна цел членство во ЕУ, засновани на владеењето на правото, отворен демократски дијалог, мултиетничка хармонија и добрососедски односи. Повикуваме на брзо прифаќање на преговарачката рамки, со цел да се одбегнат натамошни одложувања и одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за време на португалското претседавање со Советот, како знак дека се препознаваат напорите на земјава во процесот за пристапување кон ЕУ, потенцираа од Канцеларијата на делегацијата на ЕП во Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ.

Заменик-претседателот на бугарската ВМРО-БНД Џамбаски во објава и видео-спот на Фејсбук со кадри од Скопје, Охрид  и други локации од државава наведе дека „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“. /МИА/

Next Post
ФОТО: МИА

Маричиќ: Ќе завршевме со законот за попис вечерва ако немаше мала политизација

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk