ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Пју“: Мнозинството во САД, Велика Британија, Франција и Германија бара големи реформи на политичките системи

March 31, 2021 18:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Trade Agreement USA and EU. Symbol for the Transatlantic Trade and Investment Partnership TTIP

Trade Agreement USA and EU. Symbol for the Transatlantic Trade and Investment Partnership TTIP

Share on FacebookShare on Twitter

 Американскиот истражувачки центар „Пју“, денеска објави резултати од анкета спроведена во САД и некои земји од Западна Европа, а поврзана со мислењата на граѓаните за нивните влади, политичкиот систем, демократијата и други прашања. Анкетата била оддржана во ноември-декември 2020 година со испитани 4.100 возрасни граѓани на САД, Франција, Германија и Велика Британија.  

Еден од заклучоците на истражувањето е тоа дека довербата во власта е поголема меѓу оние кои сметаат дека земјата добро се справила со пандемијата. Поголемата доверба е исто така поврзана и со добрата економска ситуација. Сепак, независно од нивото на задоволство од работата на владата, мнозинство од испитаниците истакнуваат дека е потребна реформа на политичките системи во нивните земји. 

Во споредба со 2017 година, нивото на доверба кон власта пораснало во сите земји каде е извршено испитувањето. Тоа најмногу пораснало во Франција, од 20 на 55 отсто и во Германија (од 69 на 80 отсто). Незначајно пораснала довербата во Велика Британија (од 49 на 55 отсто) и во САД (од 51 до 54 проценти). 

Притоа, иако повеќе од половина Американци сметаат дека владата работи исправно, само 45 отсто од нив изразиле задоволство од работата на демократијата во нивната земја. Се истакнува дека анкетата е сепак сработена пред насилниот упад во Капитолот на 6 јануари од страна на толпа поддржувачи на екс-претседателот Доналд Трамп. Во Франција, нивото на задоволство од демократијата меѓу испитаните достигнало 55 отсто, во Велика Британиа 60 проценти, а во Германија 80 проценти. 

На прашањето „Дали е потребна реформа на политичкиот систем во вашата земја“, 65 отсто од испитаните Американци сметаат дека нивниот политички систем има потреба од „големи промени“ или „целосна реформа“, додека во Велика Британија тие што се за големи промени се 47 отсто, а тие што се за мали се 38 отсто. Во Германија пак, мнозинство од анкетираните (49 отсто) кажале дека сакаат да видат мали промени, 35 отсто дека сакаат големи, а четири отсто бараат целосна реформа. На истото прашање, 47 отсто од испитаните Французи одговориле дека се потребни големи промени на политичкиот систем, 23 отсто кажале дека „е потребна целосна реформа“, додека 25 отсто рекле деке се потребни мали, а шест проценти не гледаат потреба од некаква промена.  

На прашањето „Дали сметате дека мнозинство од политичарите се корумпирани“?, потврдно одговориле 67 отсто од прашаните Американци, 46 проценти од Французите, 45 проценти од Британците и 29 отсто од Германците.  

Во однос на идејата за директна демократија резултатот на анкетата е позитивен меѓу сите испитани. Во САД по ова прашање се изјаснале 79 отсто од Американците, од кои 36 сметат дека директната демократија е донекаде важна, а 43 сметаат дека е многу важна, за создавање на граѓански собранија каде би можело да дискутираат закони и да се даваат препораки за тоа. Во Франција такви мерки поддржуваат 77 отсто од испитаниците, во Германија 76 отсто а во Велика Британија 74 отсто.  

Мнозинство од испитаните исто така поддржуваат и спроведување референдуми за најважните прашања или закони во своите земји. Така, во САД за  референдумот како алатка се застапуваат 73 отсто од Американците, од кои 31 отсто сметаат дека таа е важна а 42 проценти дека е многу важна. Во Франција за референдуми застапуваат 70 проценти од анкетираниите, во Франција 68 отсто а во Велика Британија 63 отсто. /МИА/

Next Post

Навални почна штрајк со глад

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk