ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Шахпаска на Форум во Мексико: Жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело

March 31, 2021 09:59
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се обрати  на „Generation Equality Forum “, кој се оддржа онлајн оваа година со седиште во Мексико Сити од  29-31 март, во  организација на  UN Women и владите на Франција и Мексико.

„Женското здравје, правата, можностите и пристапот до  здравствена заштита на жените се во фокусот на сексуалните и репродуктивни права.

Со последните измени на Законот за прекин на бременост  жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело, дали, кога и колку деца ќе роди,“ истакна министерката Шахпаска во своето обраќање.

Таа потенцираше дека концептот на Владата на Република Северна Македонија „Едно општество за сите“ подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакво право, на човечки, социјален, економски и културен развој. Ова, додаде таа,  е концепт кој доследно се имплементира изминатиот период и не прави лидери во регионот.

„Здравствениот систем е должен да одговори соодветно, квалитетно согласно најсовремените стандарди на медицината базирана на докази.  Оттука, со воведувањето на медикаментозен абортус во чекор сме со европските практики и протоколи,“посочи Шахпаска.

Таа зборуваше за превентивните програми со кои се овозможува рано откривање на промените на репродуктивните органи кај жените, рана дијагностика и висок процент на успешно лекување. Тоа  генерира и заштеда на сериозни финансиски средства, затоа што жените после успешно лечење се враќаат на пазарот на трудот.

„Воведени се нови терапии за рак на дојка и секоја жена има навремен пристап до нив. Обезбедени се и бесплатни ортопедски градници за оперираните жени. Воведена е и најнапредна технологија за скрининг на рак на дојка во рана фаза, со точна и прецизна дијагностика што е од клучна важност за понатамошниот третман на пациентките,“ истакна министерката.

 

Во поглед на образованието, министерката информираше дека е  подготвен  тригодишен Акциски план за пилотирање на сеопфатно сексуално образование. При што, развиени се едукативни модели за негово спроведување, подготвена е наставна програма на ученици од 13 до 15 годишна возраст и прирачник за наставници за спроведување на овој пилот проект.

„Министерството за труд и социјална политика работи на изготвување на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година. Работната верзија на новиот закон за родова еднаквост е готова, по што ќе отвориме широка дебата во општеството, со единствена цел воспоставување на ефикасен систем на родова еднаквост,“ додаде Шахпаска.

Таа нагласи  дека  Република Северна Македонија продолжува да работи на унапредување на човековите права, вклучително и на  сексуалните и репродуктивните права на жените, како предуслов за општество втемелено на демократски принципи.

Република Северна Македонија од ноември 2020 година  е партнер во Акциската коалиција  за сексуално и репродуктивно здравје и свои претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, кои активно учествуваа во подготовката на  визијата, акциите и тактиките на оваа Коалиција.

Форумот во Мексико е главна, глобална пресвртна точка за родовата еднаквост. Тој претставува значаен напор за обединување  владите, корпорациите и креаторите на промени од целиот свет за да ги дефинираат и најават нивните амбициозни инвестиции и политики.  Овој форум претставува и вовед во главниот настан кој ќе се случува во Париз од 30 јуни до 2 јули 2021 година, на највисоко ниво.

Next Post

Андонов: Причините за влошената перцепција на судството прво да ги бараме внатре, а потоа и објективните кои се надвор

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk