ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССМ: Работниците надгласани за минималната плата од Владата и работодавачите

March 31, 2021 18:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека на денешната седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС), прв пат, за потребата од усогласување на минималната плата, работодавачите и Владата со осум наспроти четири гласа ги надгласаа работниците за висината на износот на усогласување на минималната плата согласно Законот која се усогласува врз основа на една третина од порастот на просечно исплатената плата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на БДП за претходната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Како што наведува ССМ, претставниците на Владата и работодавачите сметале дека реалниот пораст на БДП може да биде и во минус. Според нивните пресметки, усогласувањето на минималната плата  ќе биде пониско за 211,00 денари и ќе изнесува околу 15.190,00 денари.

Воедно се додава и дека на седницата не било прифатено барањето на ССМ, минималната плата да се зголеми за 60 отсто од просечната плата и да не изнесува помалку од 16.976 денари особено, ако се знае, како што посочува ССМ, дека само за лекување поради заболување или изолација од КОВИД -19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи, односнос синдикалната минимална кошничка која е неопходна за едно четиричлено семејство изнесува 33.702 денари.

-Иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и ќе изнесува околу 15.190,00 денари. ССМ смета дека таквото усогласување на минималната плата на начин на кој и параметарот за реалниот пораст на БДП иако во Законот не е предвидено се пресметува како минус и е спротивно на Закон и со тоа работниците, ќе бидат оштетени за најмалку околу 2.500,00 денари годишно, стои во соопштението.

За ваквото надгласување на работниците за усогласувањето на нивната минимална плата, а со тоа и утврдување понизок износ на минималната плата, ССМ најавува дека ќе поведе постапки пред надлежните институци и ќе ги преземе сите законски мерки и можности за да се исправи оваа, како што оценува, неправда. /МИА/

Next Post

Вашингтон доби отштета од 335 милиони долари од Судан за нападите на Ал Каеда

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk