ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каракачанов: Нема основа нацијата создадена во Москва да има малцинство во Бугарија, луѓето што го пишувале извештајот не ја научиле лекцијата по историја

April 1, 2021 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На само еден ден откако се нафрли на Стејт Департментот на САД, нарекувајќи ги „никаквеци“ поради тоа што во годишниот извештај за човековите права за Бугарија побарале да се признае македонско малцинство во земјата, Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на националистичката ВМРО-БНД, денеска повторно во телевизиско гостување излезе со своите тези на негација на постоењето на македонска нација, пренесува Мета.мк.

Во гостувањето во емисијата „Уште од денот“ (Още от деня“) на Бугарската национална телевизија, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана повторно се наврати на извештајот, велејќи дека на неговите автори некој им дава многу искривени информации, а и не си ги научиле лекциите по историја и не ги читале извештаите на нивните колеги од 1940-те и 1950-те години, кои пишувале за Бугари на територијата на денешна Северна Македонија.

„Луѓето што го пишувале извештајот во делот за македонското малцинство или не си ја научиле лекцијата по историја или не ги читале извештаите на нивните претходници. Им препорачува на оние во Стејт Департментот што го пишувале извештајот да прочитаат што пишувале нивните колеги во истиот тој Стејт Департмент во Вашингтон во 40-те – 50-те години, коишто многу јасно пишуваат какво е населението во денешна Северна Македонија. Тие зборуваат за Бугари. И тоа се извештаи на ЦИА и на нивниот Стејт Департмент. Пишуваат за Бугари што гледаат кон Бугарија и не сакаат да живеат во Југославија“, порача Каракачанов.

За барањето во годишниот извештај да се признае македонско малцинство во Бугарија, Каракачанов вели дека Бугарија не може да признае „малцинство на нација создадена во Москва“, репризирајќи ги повторно своите тези дека македонскиот народ е „измислен“ под притисок на СССР.

„Во еден момент на почетокот на 21-от век почнуваме да зборуваме за нешто друго. Кое македонско малцинство треба да го признае Бугарија? Тоа што беше создадено во Москва ли? Нешто не ми изгледа логично. Нема никаква основа за една нација создадена во Москва, наложена на Титова Југославија по 1944 година некој да тврди дека таа нација на територијата на Бугарија да биде призната за малцинство. Тоа е апсурд на апсурдите“, искоментира претседателот на ВМРО-БНД.

За делот на извештајот каде што тој е директно посочен за поднесувањето жалба до Главниот обвинител на Бугарија за две регистрирани „сепаратистички организации“, Каракачанов рече дека не се кае и тоа повторно би го направил.

„Да, сум го сторил тоа и пак ќе го сторам. И би го направил не само затоа што сум министер за одбрана и вицепремиер за безбедност, туку зашто сум Бугарин“, порача Каракачанов во емисијата, во која зборуваше и за протестите против власта во Бугарија, во која учествува и неговата ВМРО-БНД.

Next Post

Царинска управа: Книгите за КИЦ на Бугарија во Скопје, се пуштени до примачот

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk