Важно е да се напомене дека дијаспората продолжува да се попишува. Процесот започна на 1 март и се уште трае и сите сме задоволни од досегашните попишани наши граѓани од дијаспората, и тој процес ќе продолжи до 30 ти септември. Меѓутоа теренското попишување кај нас во РСМ треба да започне масовно тогаш кога ќе се создадат сите услови кога ќе имаме повисок степен на имунизација на населението, како што беше објавено, за што се согласија најголем дел од партиите во собранието. Ако е таква ситуацијата нема логика денес или утре да излегуваат попишувачите. Повеќе има логика собранието да ги усвои час поскоро законските измени колку што е тоа возможно со законските процедури, но за тоа е надлежен претседателот во собранието. Тоа е негова улога негова одговорност и ние како влада немаме што да се мешаме.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ во интервјуто за телевизија 21.
Генерално, одложувањето на пописот е добра одлука, затоа што во септември сите партии ќе го поддржат и се отвора патот за кредибилен и сеопфатен попис.
„Мислам дека одлагањето на пописот е пред се разумна одлука која се базира на две компоненти една е здравствената, а друга политичка. Доколку влеземе во една масовна имунизиција на населението, на попишувачите ќе дојдеме до една ситуација во септевмри да го изведеме пописот без проблем.“- заклучи Маричиќ.