„Чудна ретокрика имаат партиите од албанската опозиција, особено дека нешто ќе се менува со бројките во иднина. Секој обид да се политизира пописот е неодоговорен, не треба да се лицитира со бројки, таа статистичка операција не смее да политизира. Имавме и дебати кој се треба да се попише, ние имавме став дека треба сите да се попишат без разлика на која територија се. Сепак најаважно е да ти тргнеме калкулациите околу пописот, методологијата беше одобрена од Евростат и овозможува кредибилен и релевантен попис. И сите политички фактори треба да се фокусираме на тоа“- изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма.
Прво, како држава, треба да направиме разлика дали апликантите за македонско државјанство се лица без никакво државјанство, или тоа се лица со странско државјанство, а сакаат и македонско. Значи прво мораме да направиме таква разлика. За да ги стекне правата како државјанин прво мора да ги исполни условите за добивање државјанство. Има и многу стари случаи кои се одамна отворени и ние како пратеници сме должни да најдеме решение. Никој нема да се сложи дека државјанство се стекнува со изјава на тројца сведоци, како што се предлага. Затоа не може да се уценува, и во име на државјанствата да се блокираат законите кои треба да им донесат пари на граѓаните за надминување на кризата, мислам на законите со сетот економски мерки кои треба барем малку да го подобрат животот на сите нас.“- коментираше пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во врска со предлог законските измени на АА и Алтернатива и обидите на пратениците да најдат соодветно решение за овие граѓани.
„Ние не штитиме високи личности кои се корумпирани, тоа е предметот „Рекет“.Не може да се тврди дека за настаните од 27 април имаме политички затвореници. ВМРО ДПМНЕ се однесува како да немало кривично дело, па тие на 27 април тргнаа да убиваат и како тоа може да биде политички прогон. Јас бев внатре во парламентот и знам што се случи. Кривичниот законик го одреди нивното кривично дело, тие се обидоа да спречат избор на претседателна собранието и потоа да се избере и легитимна влада.“- посочи пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма зборувајќи дека правдата и законот мора да се однесуваат на сите.
„Кога се случува напад врз парламентот и атак врз пратеници не може да помине неказнето. Факт дека ВМРО ДПМНЕ не е реформирано е тоа дека дел од тие луѓе кои учевствувале во насилството или спречиле полицијата да делува на 27 април сакаа да ги стават на функција во широката влада, кога јас бев во МВР.“