ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Соработка со Грција за конзервација и реставрација на византиското наследство

April 1, 2021 16:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во работна посета на земјава од денеска до 4 април престојува делегација од Грција – Флора Карагијани од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) и Марија Мерцани, раководителка на Дирекцијата за конзервација на антички и современи споменици.

Тие денеска имаа средба со министерката за култура Ирена Стефоска на која, меѓу другото, беше иницирано потпишување меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици.

-На средбата беше потврдена отвореноста за конкретна соработка помеѓу двете пријателски земји со особен фокус на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита, како и академска соработка и изработка на трудови. На средбата беше договорено дека соработката ќе се формализира оваа пролет, а некои од заедничките проекти ќе може да почнат веќе оваа година, соопшти Министерството за култура.

По средбата во Министерството за култура, делегацијата од Грција ќе ги посети и Археолошкиот музеј, Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола, црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново и црквата „Св Софија“ во Охрид.

Како што информира Министерството за култура, за време на посетата тие ќе разговараат со наши експерти за можностите за соработка, размена на идеи и обуки на млади лица во заштитата на културното наследство, односно заштитата на византиските и поствизантиските споменици на културата.

Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици е управуван од Одбор составен од седум члена назначени од страна на Министерството за култура и спорт на Република Грција.

-Центарот има поширок спектар на дејствување, кој опфаќа организирање курсеви и обуки, доделување стипендии за научни студии или учество во научно-истражувачки проекти, учество во национални или меѓународни програми за научно истражување и технолошки развој, учество во научни активности и мисии на меѓународните организации, како и изработка и објавување на научни студии и други релевантни научни активности, наведува Министерството за култура.

извор: МИА

Next Post

Денот на шегата зад маската на пандемијата

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk