ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ во долгови, не била недомаќинска само кон државата, туку и кон самата себе

April 1, 2021 16:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ не била недомаќинска само кон државата, туку и кон самата себе, ова е според извештајот од Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој го испита работењето на најголемите политички партии во Македонија во 2018 и 2019 година, пренесува Независен.мк.

Освен што ѝ е блокиран дел од недвижниот имот поради судски спор ВМРО-ДПМНЕ, според ДЗР, има и долгови во висина од  328.301.000 денари (над 5.300.000 евра), а поради еден од нив ѝ била блокирана банкарската сметка во периодот од септември до декември 2020 година.

„Овластениот државен ревизор извести за судска постапка поведена од страна на надлежните органи во месец октомври 2018 година, со која на ВМРО-ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот/градежни објекти со вкупна набавна вредност во износ од 1.140.344 денари, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган“, стои во извештајот.

Ревизорите исто така утврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ има во евиденцијата 271 слики за кои нема потврда од кого се купени и како, а се во вредност од 23.889.000 денари. Дел од долговите, според ДЗР, се кон добавувачи на стоки и услуги, а дел се преземени долгови од изборните кампањи и се стари три години.

Околу изворите на финансирање ДЗР  забележува дека јавното финансирање, т.е. од државниот буџет има се поголем удел во приходите на партијата, така што од 27 отсто во 2016 година стигнал до 67 отсто во 2019 година. Графиконот со приходите покажува дека  донациите во оваа партија растат значајно кога се на власт, а паѓаат веднаш штом ќе ја изгубат, но тој аспект не е предмет на анализа на извештајот. Така, од 125.00.000 денари донации пријавени од ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година, партијата спаднала на помалку од 60.000.000 следната 2017 година, а во 2018 година и во 2019 година тие се речиси невидливи во структурата на приходи. Затоа, пак, во СДСМ разликата во донациите е незначителна од 2015 до 2019 година, со тренд на намалување на учеството на приходите добиени како членарини или донации од приватни лица, при што во вкупната структура буџетските пари од 37 отсто во 2015 година станале 82 отсто во 2019 година.

Во однос на судската постапка со која ѝ е замрзнат дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, ДЗР посочува дека таа е поведена од страна на надлежните органи во октомври 2018 година, со која на ВМРО-ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот/градежни објекти со вкупна набавна вредност во износ од 1.140.344 денари, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, сѐ до завршување на постапката пред надлежниот орган. Препораката што се наведува во извештајот е одговорните лица на партијата да преземат мерки и активности за соодветно евидентирање на недвижен имот, по завршување на постапката пред надлежните органи.

Next Post

Различностите во изборите

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk