ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Ја продлабочуваме соработката со партнерите за реализација на проекти за подобар живот на граѓаните

April 2, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, придружуван од државни секретари и високи административни службеници од девет министерства, денес одржа работна средба со амбасадорот на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер и делегација на Француската агенција за развој, предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, на која се разговараше за евентуалните можности за соработка помеѓу нашата земја и Француската агенција за развој.

Вицепремиерот Битиќи, во своето воведно излагање посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на проекти со кои ќе се подобруваат условите за живот на граѓаните на Република Македонија, а со кои воедно ќе се трасира патот кон целосна интеграција на земјата во Европската Унија, при што истакна дека влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија е еден чекор напред кон продлабочување на соработката помеѓу двете пријателски земји.

Амбасадорот Бомгартнер и регионалниот директор Отберг ја претставија мисијата на Француската агенција за развој, истакнаа дека станува збор за тело кое остварува меѓународни проекти кои се во согласност со политиките на Владата на Република Франција, кое е воспоставено пред повеќе од 80 години и има активности во над 100 земји во светот. Воедно, со отворањето на регионалната канцеларија за Западен Балкан на агенцијата, пред околу 1 и пол година, Франција ја покажа својата силна намера да им помогне на земјите од регионот во подобрување на условите за живот и евро-интеграциските процеси, притоа почитувајќи ги одредбите од Парискиот договор.

Вицепремиерот Битиќи и претставниците на министерствата ги презентираа тековните и идните планирани проекти од инфраструктурата и социјалното домување, поддршка на младите и заштита на културното наследство, унапредување на правосудниот систем, рамномерниот регионален развој, земјоделството, здравството, заштитата на животна средина, енергетика и енергетска ефикасност и поддршка на претпријатијата.

Вицепремиерот Битиќи, амбасадорот Бомгартнер и регионалниот директор Отберг се согласија дека постои навистина широк спектар на можности соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Франција, преку Француската развојна агенција, во годините кои следат, се повеќе да се развива, а пред се во интерес на создавање на подобри услови за живот на граѓаните, но и исполнувањето на критериумите за членството на земјата во ЕУ.

Next Post

Заев: Инвестираме во стабилен енергетски систем

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk