ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Проектот за автопатот Битола-Прилеп е транспарентен, а ќе се најде и пред пратениците

April 2, 2021 13:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Пред два дена потпишавме меморандум за изградба на автопат Битола-Прилеп. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на прес-конференција во Битола.

Министерот посочи на отворена и транспрантна постапка за како што рече еден од најзначајните капитални проекти за државата и регионот

-Ќе бидеме отворени и транспарентни. Ние сега потпишавме меморандум за соработка кој е необврзувачки, а продолжуваме со техничко почнување на постапките, а кога ќе сме подготвени, целиот модел ќе биде претставен на јавноста. Овој модел не е непознат во други држави, се работи за брз и поефикасен модел, изјави Бочварски.

Автопатот Битола-Прилеп, дополни, е еден од најзначајните капитални проекти за државата и регионот и наскоро ќе почнеме да го градиме.

-Првиот чекор до изградбата на автопатот е меморандумот за соработка што го потпишавме пред два дена, следниот чекор претставува навлегување во техничките детали поврзани со договорот кој во иднина би се случил. Со нашите експерти транспарентно ќе ја разгледаме целата постапка и на крај ќе одиме во Собрание за одобрување на тој Договор. Во минатото во државата пробавме на многу начини да градиме патишта, најчесто низ редовната постапка но често се мачиме, ги губиме проектите, а парите остануваат нереализирани и затоа сега сакаме да се обидеме на еден нов начин, низ нов принцип, прв пат да покажеме дека можеме брзо и ефикасно и јасно да покажеме дека ќе градиме инфраструктура за граѓаните како национален интерес број еден за државата. Очекуваме оваа година да се почне со градба, а дотогаш да бидат завршени сите технички детали. Очекувам од јавноста но и опозицијата да разговараме и да донесеме вистинска одлука, посочи Бочварски.

Според Бочварски новиот модел нуди побрзо и поефикасно спроведување на проектите.

-Ќе бидеме отворени и транспарентни. Ние сега потпишавме меморандум за соработка кој е необврзувачки, а продолжуваме со техничко почнување на постапките, а кога ќе сме подготвени, целиот модел ќе биде претставен на јавноста. Овој модел не е непознат во други држави, се работи за брз и поефикасен модел. Ние време за чекање немаме. Паневропските коридори се градат и ако ние не изградиме модерна инфраструктура, тогаш ќе бидеме заобиколени преку другите земји, затоа како Влада влеговме во една ваква постапка, ќе бидеме транспарентни а пред пратеници јасно и гласно ќе објавиме што е тоа доброто за граѓаните, изјави министерот Бочварски.

извор: МИА

Next Post

Подобрени условите за работа во гевгелиското музичко училиште

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk