ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народен правобранител: Вклучувањето на лицата со аутизам и обезбедување нивно целосно учество во соцо-економскиот и културниот живот е обврска на секое општеството

April 2, 2021 14:24
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата претставуваат дел од основните начела и принципи гарантирани со Уставот и законите на Република Северна Македонија, а нивното почитување подразбира обезбедување не само на формални, туку и на материјални предуслови за непречено остварување на овие права на граѓаните, без оглед на различноста по каков било основ, се вели во соопштението од Народниот правобранител по повод 2 Април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.

Годинава се навршуваат 15 години од донесувањето на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, а 10 години откако истата е ратификувана од Република Северна Македонија, меѓутоа, се вели во соопштението, во многу области присутни се слабости во остварување на правата на овие лица.

– Денес, на 2 април, на Светскиот ден за подигање на јавната свест за аутизмот, кој се одбележува во вонредни услови, кога сите вложуваат напори за справување со последиците од пандемијата, и кога се бара да се почитуваат општите мерки за заштита од коронавирусот, Народниот правобранител апелира во континуитет да се преземат мерки и активности за зголемување на разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, и да се обезбеди поддршка за создавање на што поинклузивно место за овие наши граѓани, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Според Народниот правобранител, не смееме да заборавиме на овие лица, ниту на преземените обврски за реализирање на правото на независно живеење и автономија, обезбедување услови за остварување на правото на здравствена и социјална заштита, образование, како и вработување на еднаква основа со другите.

Народниот правобранител потсетува на 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации кои даваат план за решавање на најголемите предизвици со кои се соочува светот, вклучително и стратегии за намалување на нееднаквостите што го попречуваат просперитетот. Една од овие цели (целта 8) се однесува на Пристојна работа и економски раст односно промовирање целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите, вклучително и за лицата со попреченост.

Воедно, во соопштението, Народниот правобранител укажува на обврската за создавање услови за практична имплементација на  членот 27 од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со кој се признава „правото на лицата со попреченост да работат, на еднаква основа со другите“ и на „работната средина која е отворена, инклузивна и пристапна за лицата со попреченост“.

Според Народниот правобранител, по примерот на светските позитивните пракси и кај нас треба да се применат програми за инклузивно вработување, кои ги вклучуваат и лицата со дијагностициран аутизам, но и да се поддржи  креирање на работни места на пазарот на трудот каде лицата со аутизам ќе може целосно да ги експонираат своите потенцијали на еднаква основа со другите, затоа што вклучувањето на лицата со аутизам и обезбедување нивно целосно учество во соцо-економскиот и културниот живот е обврска на секое општеството, кое прокламира почитување на различноста, инклузивност и правичност на своите граѓани.

извор: МИА

Next Post

Спасовски: Полицијата и локалната заедница се упатени на континурана соработка за постигнување ефективни резултати во сигурноста на граѓаните

НАЈНОВО

Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025
ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk