“Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат”, одговори на новинарскот прашање денеска министерот Венко Филипче откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ побарана од него оставка. Филипче од салата „Борис Трајковски“ каде што се вршата подготовките за почеток на процесот на имунизација уште еднаш упати апел до опозицијата да биде конструктивни.
Колегите кои се врвни стручњаци, пулмолози самите кажуваат дека до сега немале можност да видат ваква прогресивност на болеста. Докторите прават се за пациентите, но дел од нив не успеваат да се спасат. Има пациенти кои и денеска се во многу тешка состојба. Кај некои од пациентите едноставно нема ефект. И кај млади луѓе за само неколку часа прогресира болеста. И покрај целиот терапевтски пристап да се спречи прогресивноста на болеста, понекогаш нема успех.
Исплатиме бонус плати за 2017, 2018 и 2019, а до јуни ќе ја исплатиме и за 2020 година, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Сега, посочи тој, првпат се исплаќаат бонус платите на полициските службеници кои што работеле повеќе од 150 часа прекувремена работа во текот на годината.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во координација со Министерството за здравство, минатата недела спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид-19.
Градежната парцела за изградба на нов Градски пазар во Велес, чија официјална изградба започна денес е со вкупна површина од 4.172 метри квадратни, од кои 2.300 метри квадратни се наменети за продавачите на земјоделски производи. Пазарот е составен од шест дела, од кои четири ќе бидат сместени 19 дуќани, деловни објекти, канцеларии и два угостителски објекти на вкупно 638 метри квадратни, а во два дела од објектот ќе бидат сместени тезгите од покриениот пазар, паркинг просторот и улицата за доставување на стоки и рампата за полесен пристап до пазарот со вкупна површина од 2339 метри квадратни и партерно уреден простор пред влезот од 215 метри квадратни.
Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.
Премиерот Зоран Заев во објаснувањето зошто службено отпатувал со министерот за здравство со хеликоптер до Прилеп посочи дека Никола Груевски и функционерите на ВМРО ДПМНЕ кога биле на власт ги користеле хеликоптерите за приватни патувања, но тогаш никој не смеел да зборува за тоа, уште помалку да критикува.