ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Твитер воведува нова функционалност: „Проверете пред да твитнете“

April 3, 2021 09:50
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Твитер деновиве воведува нова функционалност преку која ги поттикнува своите корисници да ги читаат написите чии линкови ги споделуваат. Целта е да се намали количеството на  содржини кои се споделуваат непромислено, без да се знае што точно содржат, посочува ресурсниот центар за критичко мислење и медиумска писменост КриТинк, кој го води Фондацијата „Метаморфозис“.

Според искуства на твитерџии од Северна Македонија, оваа функционалност е изгледа во фаза на тестирање, бидејќи се појавува повремено во разни верзии на платформата. Се состои од предупредување за корисниците кои кликнуваат на твит кој содржи линк кој не го прочитале.

Доколку кликнат на линкот „Дознај повеќе“ (Learn more) корисниците се пренасочуваат кон упатството за употреба на Твитер каде што им се презентира следното објаснение:

Проверете пред да твитнете

Сметаме дека е важно да Ви помогнеме да имате подобри и побезбедни разговори преку Твитер – а тоа почнува со тоа да бидете поинформирани за тоа што го споделувате со своите следбеници.

Ако решите да ретвитнете или твитнете како цитат (Retweet or Quote Tweet) некој напис кој не сте го отвориле претходно на Твитер, може да добиете порака која од Вас бара да го прочитате написот пред да го ретвитнете или цитирате. Веруваме дека ова помага подобро да го осознаете контекстот и да се намали неинформираното споделување преку Твитер. Кога ќе ја видите ваквата порака ќе добиете опција да го отворите и разгледате написот. При тоа Вие бездруго имате можност да го ретвитнете или твитнете како цитат дадениот напис без да го отворите.

Досега е забележано примена на оваа функција во веб-верзијата на Твитер за мобилни телефони, но не и во веб-верзијата за компјутери. Со оглед на тоа дека кај различни корисници се јавува повремено, се претпоставува дека е во фаза на ткн. А/Б тестирање.

Низа промотори на медиумската писменост укажуваат дека важен фактор при ширење дезинформации е тоа што луѓето преку социјалните мрежи донесуваат одлуки за споделување содржини само врз основа на читање наслов или гледање сликичка, без да се потрудат да прочитаат повеќе на темата. Таквите навики ги злоупотребуваат разни манипулатори, од сензационалистички медиуми до армии на тролови, за да ја зголемат видливоста и ширењето на дезинформации и кликбејт.

Во април 2020 година, како реакција на ширењето на дезинформации за ковид-19, Европската Унија, УНЕСКО и Твитер започнаа кампања насловена „Размисли пред да споделиш“ (#ThinkBeforeSharing).

Различни институции во Северна Македонија имаат повторувано слични пораки, меѓу кои и Советот за етика во медумите со „Провери ги изворите пред да споделиш“ и Министерството за здравство со „Провери па сподели!“.

извор: критинк.мк

Next Post

Во Калифорнија повторно публика во театрите и натпреварите во НБА

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk